Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 19 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Како што соопшти УХМР, од денес следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Најтопло ќе биде во четврток и во петок кога температурите на повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени.
Од петок кон крајот на денот, преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно.