Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала, а попладне наместа и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 17 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до три, а дневната до 22 степени.
Во наредниот времето ќе биде сончево со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во покачување. В сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кога дневната температура благо ќе опадне, но потоа повторно ќе биде во пораст.