Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните подрачја не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 22 до 33 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи. Особено топло ќе биде за време на викендот и во понеделник.