Сондата Voyager 1 на НАСА има мистериозен проблем

Сондата Voyager 1, која американската вселенска агенција НАСА ја лансираше во вселената пред 45 години, има проблем кој сè уште е мистерија за научниците на Земјата.

Voyager 1 продолжува со мисијата и покрај сите години и тоа на оддалеченост од 23,3 милијарди километри. И понатаму прима и извршува команди кои се испраќаат на НАСА, исто така собира и испраќа научни податоци.

Но, отчитувањата на системот за артикулација на висината и контролниот систем кој ја контролира ориентацијата на вселенското летало во вселената не се совпаѓаат со оние на кои што Voyager моментално работи. Споменатиот систем обезбедува антената на сондата да остане насочена кон Земјата за да може Voyager да ги собере податоците на НАСА.

Поради меѓуѕвездената локација на Voyager, на светлината се потребни 20 часа и 33 минути да патува во една насока, така што повикот и одговорот на една порака меѓу НАСА и Voyager трае два дена. Досега, тимот на Земјата веруваше дека системот и понатаму работи, но отчитувањата се невозможни. Сепак, проблемот не предизвика нешто што би го активирал безбедносниот мод на вселенското летало.

Интересно е што сигналот на Voyager и понатаму е силен како и поран. Што значи дека неговата антена е насочена кон Земјата. Тимот се обидува да открие дали овие неточни податоци доаѓаат директно од инструментот или ги предизвикува друг систем.

„Додека не се разбере подобро природата на проблемот, тимот не може да знае дали тоа ќе влијае на сондата и колку долго може да собира и испраќа податоци, ваквата мистерија на некој начин е вообичаена во оваа фаза од мисијата“, вели Сузан Дод, водач на проектот Voyager 1 и 3 во Лабораторијата на НАСА во Пасадена, Калифорнија.

Ако во некој случај не се пронајде решение, тогаш научниците едноставно ќе треба да се адаптираат, а можно е проблемот да се реши со промена на софтверот.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Вести

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Read more

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Read more
 

Гик

  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе