Прерано починатиот актер Чедвик Босман доби Златен глобус за најдобар актер во драма, а наградата во негово име ја презеде сопругата Симон Ледвард Босман, која не можеше да ги сокрие солзите.
43-годишниот Босман почина на 18 август 2020 година по двегодишна битка со карцином, а наградата ја презеде неговата награда со емотивна изјава:
„Би се заблагодарил на Бога и на неговите родители. Би се заблагодарил на неговите предци за нивното лидерство и жртва. Би кажал нешто преубаво, нешто инспиративно, нешто што би нè охрабрило нас сите да продолжиме понатаму“, изјави таа.
Босман освои Златен Глобус за улогата во „Ma Rainey’s Black Bottom“.