Состојба со Covid-19 низ светот, за 24 часа 50 починати во Германија

Бројот на потврдени случаи на заразeни со Covid-19 во Германија се зголеми на 36.508. Од вирусот досега починаа 198 луѓе, соопшти Роберт Кох.

Бројот на новозаразени е зголемен за 4.994 во изминатите 24 часа. Смртните случаи се 50 во изминатото деноноќие. 

Турција

Бројот на починати од последиците од коронавирусот во Турција се искачи на 15 и сега изнесува 59, изјави министерот за здравство, Фахретин Коџа.

Тој на Тwitter објави дека бројот на инфицирани лица од Covid-19 се зголемил за 561, што значи дека вкупно 2.433 лица се заразени со новиот коронавирус.

САД

Во САД од новиот коронавирус починаа над илјада луѓе, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.

Во САД се регистирани 68.572 лица инфицирани со Covid-19, од кои 1.033 починале.

Според бројот на заразени лица САД е на трето место по Кина и Италија.

Романија

Сите жители на Букурешт наскоро ќе можат да поминат тест на новиот коронавирус. Романскиот министер за здравство Виктор Костаке изјави за телевизискиот канал Антена 3 дека досега се регистрирани 906 случаи на инфекција со коронавирусот. Седумнаесет пациенти досега починаа од тој вирус.

– Ние сакаме да спроведеме иновативна програма, како во Јужна Кореја, да ги тестираме сите жители на Букурешт за коронавирусот со помош на групи за мобилни тестирања. Во моментов ни требаат 2-5 милиони тестови, рече министерот Костаке.

На 16 март, романскиот претседател Клаус Јоханис објави вонреден режим поради новиот коронавирус.

Шпанија

Парламентот на Шпанија ја продолжи вонредната состојба за две недели поради пандемијата со Covid-19.

Мерката беше изглаана откако во Парламентот беа физички присутни помалкуи од 50 пратеници од вкупно 350, а другите гласаа од дома.

Вонредна состојба во Шпанија беше воведена на 14 март, со што беше овозможено да се прогласи национален карантин, додека сега се продолжува до 11 април.

Бројот на инфицирани со новиот коронавирус во Шпанија изнесува околу 47.600 лица, а земјата  е на второ место, по Италија по бројот на починати – 3.434 луѓе. 

Бугарија

Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 23 заразени од новиот коронавирус. Вкупно досега се регистрирани 243 случаи. Тоа го изјави на прес конференција Венцислав Мутафџиски, началник на Оперативниот штаб за справување со Covid-19.

– Ќе му предложиме на министерот за здравство продолжување на вонредните мерки до 12 април. Друг предлог е – карантин за апсолутно секој кој пристигнува од странство, изјави Мутафџиски.

Во болници во Софија има четири лица кои се во критична состојба.

Финска

Финската премиерка Сана Марин синоќа објави дека главниот град Хелсинки и областа околу него ќе бидат изолирани од остатокот на земјата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Реонот на главниот град е најголемо жариште на Covid-19 во Финска.

– Влегувањето и излегувањето од главниот град ќе биде забрането за граѓаните од утре до 19 април, истакна Сана Марин на прес-конференција. Сепак, таа прецизираше дека секој има право да се врати во своите домови.

Во главниот град, каде се регистрирани повеќе од 500 случаи на Covid-19, живеат 1,7 милиони луѓе, што е еднакво на една третина од населението на земјата. Регистрирани се вкупно 880 случаи во таа држава и тријца починати како резултат на пандемијата.
Во Финска се тестираат само пациенти со висок ризик. Властите велат дека нивниот реален број може да е 30 пати поголем. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе