Состојба со COVID-19 во светот: Во Кина расте бројот на новозаразени

Кинеските власти соопштија за 39 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, и речиси сите без еден се увезени.

Ден претходно, бројот на новите случаи беа 30. Бројот на асимптоматски случаи се зголемува.

Националната здравствена комисија на Кина соопшти денеска дека се регистрирани 78 нови асимптоматски случаи на крајот на вчерашниот ден, пораст од 47 дена порано. Само еден смртен случај е пријавен на 5 април, покажуваат новите податоци.

Франција: Се намалува бројот на смртни случаи

Француското Министерство за здравство синоќа објави дека бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во таа земја почнал да се намалува во изминатите 24 часа.

Во тој период, 357 луѓе починале во болниците од COVID-19, за разлика од претходниот ден кога починало 441 лице.

Министерството соопшти дека заклучно со 1 март, 2.189 луѓе починале во домови за нега на стари лица.

Германија: Четврти ден по ред намален број заразени

Во Германија, во изминатите 24 часа, потврдените случаи на заразени со новиот коронавирус се зголемени за 3.677 и до денеска има вкупно 95 391.

Новите случаи за вчерашниот ден беа 5.936. Тоа укажува дека веќе четврти ден по ред има намалување на новите случаи регистрирани во еден ден. Тоа се податоците од Институтот „Роберт Кох“ за заразни болести.

Смртните случаи се зголемија за 92 на 1.434.

Во Сараево од COVID-19 почина истакнат епидемиолог

Истакнатиот епидемиолог и член на Светската здравствена организација (СЗО), Шефик Пашагиќ почина вчера во Сараево, како последица од COVID-19.

Пред да се разболи, се занимавал токму со коронавирусот корона и бил во постојан контакт со колегите од САД, со кои разменил знаење за COVID-19, пренесува порталот Кликс.

Во текот на вчерашниот дека беше соопштенока во Сараево дека во Босна и Херцеговина се регистрирани уште три смртни случаи, по што беше потврдено дека меѓу нмив е и Пашагиќ (61).

Со вчерашните смртни случаи, бројот на починати од COVID-19 во БиХ достигна 23 лица, од вкупно 654 заразени со коронавирусот. 

Русија: Заболени тројца свештеници од Московската епархија

Тројца свештеници на московската епархија заразени се со новиот коронавирус, соопшти работната група за одговор на COVID-19 од московската патријаршија.

„Ги повикуваме сите што биле во контакт со свештениците да се погрижат за своето здравје и да се изолираат“, се вели во соопштението.

Двајца други свештеници имаат симптоми на болеста, но нивните резултати се уште не се готови.

За време на неодамнешната служба во катедралата Христос Спасител, патријархот на Москва и цела Русија, Кирил ги повика сите верници да се воздржат од посета на црквите и да останат дома поради ширење на коронавирусот.

Тој рече дека тоа ќе важи се додека не им даде посебен благослов, нарекувајќи ги свештениците кои не ги почитувале тие превентивни мерки „не многу мудри лица“.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе се очекува да прогласи вонредна состојба, откако само во Токио има над 1000 случаи на заразени со коронавирус. Според јапонските медиуми, новите мерки ќе стапат во сила од среда (по локално време).

Минатата недела, гувернерот на Токио, Јурико Коике, посочи дека ќе го поддржи воведувањето вонредна состојба како средство со кое населението ќе се повика на поголемо придржување до мерката за држење физичко растојание. 

Според законот, ревидиран во март заради покривање на коронавирусот, премиерот може да прогласи вонредна состојба ако болеста претставува „сериозна закана“ за животите и ако нејзиното брзо ширење би можело да има огромно влијание врз економијата.

Вонредната состојба ќе им овозможи на гувернерите во погодените региони да побараат луѓето да останат во своите домови, а несуштинските бизнис да затворат. Сепак, овие мерки не би биле строго обврзувачки според јапонскиот закон, туку повеќе ќе се потпираат на меѓусебна контрола на граѓаните и почитување на властите.

Владата веројатно ќе го одреди поширокото градско подрачје на Токио за вонредна состојба, а можеби и префектури Осака и Хиго во западна Јапонија, објави весникот „Јомиури Шимбун“.

Повеќе од 3.500 луѓе во Јапонија се позитивни на коронавирус, а 85 починаа од оваа болест, јави јавниот радиодифузен сервис НХК. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе