Состојбата на слобода во земјите од светот

Состојбата на човековата слобода во 195 земји од светот и 15 територии за 2020 година вели дека кривата за човековите права не оди нагоре, туку надолу.

Веќе 15-та година со ред како слободата на глобално ниво е во опаѓање. Точно е дека 2020 година беше турбулентна со пандемијата, воените конфликти и економската нестабилност, што резултираше со тоа демократијата да претрпи низа удари од страна на авторитарните поборници кои доведоа до интернационален дисбаланс во полза на тиранијата.

Дури 75% од светското население живее под влади чии демократии доживеале пад во 2020. Лани, статусот слободна демократија го загуби Индија која сега е делумно слободна. Индија важеше за најголемата земја со демократија во светот.

Загрижувачки е и падот на САД чии поени за демократија од 86 се намалија на 83 поради целата фарса околу претседателските избори.

Шведска, Норвешка и Финска остануваат земји со највисоки поени на листата на слободни земји, додека Еритреја, Јужен Судан и Сирија се рангирани најниско.

За неслободни држави во Европа се категоризирани Турција, Белорусија, Русија и Азербејџан. За делумно слободни на Стариот континент се Унгарија, Украина, Србија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Молдавија, Грузија и Ерменија.

Во Јужна Америка единствена неслободна е Венецуела, додека во Северна Америка тоа се Куба и Никарагва.

Во Африка најголемиот дел се неслободни, а слободни се само Тунис, Гана, Ангола, Замбија и Јужна Африка.

Во Азија слободни се Израел, Монголија, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван и Источен Тимор, додека во Океанија нема неслободни, а делумно слободни се само Папуа Нова Гвинеја и Фиџи.

Клик за поголема верзија
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе