Совети и трикови како храната подолго да трае

Едно расипано јаболко во корпа со други ќе ги расипе и останатите, поради етиленот што го испушта, но ако расипано јаболко префрлите во кутија со компири, тоа ќе му го продолжи животот, бидејќи го спречува 'ртењето на компирот. Ова е само еден од триковите што е добро да ги знаете во кујната, за да ја зачувате храната подолго и да го одржите нејзиниот квалитет.

Еве уште неколку:

Во пластичен сад оставете ги малите колачи или бисквитите кои сте ги печеле во поголеми количини за празниците и чувајте ги во фрижидер со парче леб што ќе ја впие влагата кога колачињата ќе почнат да ја губат. На тој начин подолго ќе останат свежи.

Зеленчукот како зелената салата, краставиците или тиквичките исушете го и добро избришете го со крпа пред да го оставите во фрижидер, бидејќи влагата што ја содржи го забрзува расипувањето. Можете да ги чувате во фолија или пластична кеса од која претходно сте го исфрлиле воздухот. Овенатата салата можете да ја спасите со потопување во ладна вода. Наполнете голем сад со ладна вода, потопете ја салатата и таа повторно ќе изгледа свежо.

Хартиените кеси се посоодветни за домати и печурки. Доколку сте ги купиле во пластична амбалажа, префрлете ги на хартија, бидејќи на тој начин нема да испуштаат материи кои поттикнуваат расипување.

Целерот или брокулата подолго ќе ја задржат својата свежина ако се завиткаат во проѕирна фолија. Така тие можат да стојат во фрижидер и до две недели.

Кромидот ќе остане свеж подолго ако го закачите во соодветната мрежа, а младиот кромид можете да го измиете, исушите и исечете. Ставете го во пластично шише и ставете го во замрзнувач.

Наместо во оригиналното пакување или пластика, сирењето завиткајте го во хартија за печење, а исечената страна премачкајте ја со путер - ќе трае многу подолго. Чувајте ги помеките сирења во алуминиумска фолија, а многу готвачи ги чуваат во затворени садови со коцка шеќер против мувла.

За да спречите фрлање храна, чувајте ја храната што треба побрзо да се консумира на предната страна на полицата или на ниво на очите во фрижидер.

Замрзнете свежи зачини

Можете да ставите свежи билки зачин во замрзнувач. Исецкајте ги и ставете ги во сад за правење коцки мраз. Посипете со маслиново масло и замрзнете, па користете за готвење сосови, супи и чорби.

Чувајте го лимонот подолго

Ако ви требаат само неколку капки лимон, издупчете со чепкалка за заби и исцедете го сокот низ неа, а потоа чувајте го лимонот во фрижидер.

Бобинки

Свежите јагоди, малини и боровинки потопете ги ладна смеса од оцет - разредете го оцетот во вода во сооднос 1:10, натопете го овошјето, исцедете го и добро исушете го. После тоа бобинките можете да ги чувате во хартиена кеса со денови, бидејќи оцетот е природен убиец на мувла и средство за дезинфекција.

Чувајте ги доматите надвор од фрижидер

Ставете ги доматите така што да лежат на страната каде што расте дршката, на рамна површина. Чувајте ги на собна температура бидејќи фрижидерот ги суши. Доколку немате доволно простор, покријте ги врвовите на доматите со селотејп за да не дојдат во допир со воздухот, па наредете ги еден врз друг.

Врвот на бананата завиткајте го со фолија

Стебленцето на бананата завиткајте го во фолија за да спречите ослободување на етилен - за да трае подолго. Ако почнат да се расипуваат, исечете ги и замрзнете ги за во иднина да подготвите смути. Крушите чувајте ги на собна температура додека не созреат и чувајте ги во хартиена кеса во фрижидер.

И брашното може во замрзнувач

Брашното што планирате да го чувате подолго завиткајте го во кеса и ставете го во замрзнувач неколку часа за студот да го неутрализира можното присуство на инсекти.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Рецепти

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Read more

Рецепт за мусака на полски начин

Read more

Кромид полнет со жолчки и бешамел

Read more

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Read more
 

Магазин

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Полнети тиквички

Читај повеќе

Може ли вежбањето дома без опрема да даде добри резултати?

Читај повеќе

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зебра избегала од зоо во Сеул и со часови талкала низ градот

Читај повеќе

Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Читај повеќе

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Читај повеќе

Најчести грешки што ги правиме во одгледувањето растенија

Читај повеќе

Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Читај повеќе