„Совети“ за диети и слабеење во кои не треба да верувате

А.С.
/ 07.02.2023 / 16:04

Речиси е невозможно да отворите списание, да скролате на Instagram, па дури и да разговарате со пријателите, а да не налетате на најразлични совети за храна и диети, без разлика дали сте ги побарале или не.

Сите тврдат дека го дознале тоа од „експерти“ и се колнат во „магични“ напитоци и „волшебни“ јадења што не дебелеат. Ова се најчестите заблуди и лоши совети што ги слушаме и читаме, како и вистински совети за правилна исхрана, а всушност се штетни информации во кои не треба да верувате:

Не јадете банани и моркови, содржат премногу шеќери и јаглехидрати

Точно е дека некои видови здрава храна, како банани и моркови, имаат повисок процент на шеќери и јаглехидрати во споредба со некои други овошја и зеленчуци, но да бидеме реални, не се дебелеете од јадење многу моркови. Мала банана содржи 23 грама јаглехидрати, во споредба со мало јаболко што содржи 21 грам. Ако сакате да слабеете, треба да внимавате на вкупното количество на внесени јаглехидрати и шеќери во сите оброци. Важно е да не претерувате количински и да правите разлика меѓу шеќери и јаглехидрати од овошје и зеленчук и од преработена храна и слатки.

Одбегнувајте глутен, по секоја цена

Ако не боледувате од цилијакија или пречувствителност на глутен, префрлањето на безглутенска храна не само што не е неопходно, туку може и да доведе до дебелеење и внесување нездрави вештачки состојки.

Проблемот е што повеќето луѓе внесуваат глутен преку нездрава храна како тестенини, торти и рафиниран леб. Луѓето си мислат дека може да јадат неограничени колични на безглутенски колачиња, но, повторно, да бидеме реални: колаче е колаче. Безглутенските производи немаат помалку шеќери, маснотии или калории како нивните глутенски верзии. Ако веќе кратите на глутен, изфрлете ги тестенините и тортите.

Не ја јадете жолчката од јајцето

Најновите истражувања покажуваат дека  нема директна поврзаност меѓу јадењето жолчки и зголемен ризик од болести на срцето. Напротив, ако јадете едно цело јајце на ден го намалувате ризикот од мозочен удар. Јајцата исто така содржат антиоксиданси што помагаат во борбата против воспалителни процеси, содржат витамнини D и B12, како и минералите селен, цинк и железо.

Сите калории се исти, вие само продолжете да броите

Престанете со броење калории и чувајте си ги нервите за сметки. Иако е важно да внимавате колку калории дневно внесувате, 100 калории од мафин или перек не се исто што и 100 калории од авокадо или бадеми.

Овие видови храна се разликуваат во поглед на тоа што ви нудат како хранлива вредност (мафинот ќе ви даде нездрави масти, а авокадото растителни влакна, здрави масти и антиоксиданси).

Мастите дебелеат

Повторно, станува збор за различни видови масти. Мастите не дебелат. Мастите се пријател на вашето тело. Без нив не би функционирало. Докажано е дека исхрана со мал процент на маснотии и висок процент на јаглехидрати всушност дебелее.

Околу 30% од внесените калории во текот на денот треба да се од масти (здрави масти!) з ада бидете здрави. Тоа значи дека во секој оброк има простор за некакви масти. Путер од кикирики на парче интегрален леб за појадок, ореви за ужинка и авокадо во сендвичот за ручек. Храната со мала содржина на масти обично содржи повеќе шеќери, што значи дека за кратко време ќе помине чувството на заситеност и ќе ви се јаде пак.

Како заклучок, двапати проверувајте пред да поверувате во некоја информација поврзана со вашето здравје и исхрана и не заборавајте дека количината е подеднакво важна колку содржината.

Тагови
реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе