Совети за слабеење кои не треба да ги слушате

А.С.
/ 04.03.2024 / 17:35

Слабеењето е процес што секој одлучува да го направи одвреме-навреме, или барем оние кои се борат со вишокот килограми. Со оглед на тоа што денес постојат безброј диети и тренинзи за слабеење, сосема е нормално дека одвреме-навреме ќе наидете на совети кои не се потврдени или базирани на научни податоци.

Тајната за здраво слабеење не треба да биде слепо следење на сите совети и правила кои сте ги слушнале, па затоа ви носиме некои кои дефинитивно не треба да ги следите. Всушност, подобро би било целосно да ги избегнувате бидејќи тие можат само да го саботираат вашето слабеење.

Секогаш појадувајте, дури и кога не сте гладни

Често слушаме дека прескокнувањето на појадокот е една од најголемите грешки при слабеење. Сепак, појадокот не е строго неопходен за здраво слабеење, велат експертите. Во истражувањето спроведено на оваа тема се покажало дека прескокнувањето на појадокот може да резултира со слабеење, а единствено важно е тоа да не стане навика. Луѓето кои го прескокнале појадокот консумирале 144 калории повеќе на ручек во споредба со оние кои појадувале, но нивниот вкупен внес на калории бил 408 помалку, пишува Healthline.

Избегнувајте ги сите масти

Прекумерното внесување маснотии е една од главните причини за зголемување на килограмите, но тоа не значи дека треба да ги избегнувате сите масни намирници бидејќи, велат нутриционистите, тоа нема да ви помогне побрзо да ги намалите килограмите. Наместо тоа, фокусирајте се на храна која содржи таканаречени „здрави масти“, како што се јаткастите плодови, маслиново масло, семки и риба, бидејќи тие му помагаат на вашето тело да ги апсорбира важните хранливи материи.

Од некои намирници мора целосно да се откажете

Иако некои нездрави намирници најдобро е да се избегнуваат, тоа не значи дека воопшто не треба да ги јадете. Најважните во слабеењето се навиките, па нутриционистите велат дека можете слободно да јадете што било доколку не претерувате. Ако сакате чипс, тоа не значи дека не можете да јадете неколку парчиња еднаш месечно. Со целосно откажување од нездрава храна, вашето тело само уште повеќе ќе ја посакува.

Немојте да слабеете брзо

Иако често се препорачува постепено слабеење, најновите истражувања покажуваат дека брзото почетно слабеење на ниту еден начин не го зголемува ризикот од враќање на тежината. Покрај тоа, брзото губење на тежината се чини дека е корисно за долгорочно губење на тежината. Студијата покажа дека луѓето кои брзо изгубиле тежина во текот на првиот месец од диетата имаат пет пати поголеми шанси да изгубат 10 отсто од својата телесна тежина во рок од 18 месеци, во споредба со оние кои слабеат побавно.

Фокусирајте се на кардио вежби

Познато е дека кардио вежбите ефикасно го намалуваат нивото на стрес и имаат голем број на придобивки за вашето срце, како и за целокупното здравје. Сепак, според неодамнешните истражувања, кардиото не е нужно најдобрата стратегија за слабеење. Ефективноста на овие вежби ќе зависи од поединецот, така што некои луѓе губат тежина, додека други не можат. Многу тренери се согласуваат дека за најдобри резултати идеално е да се комбинираат вежби за сила со трчање, одење и слични активности.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фит

5 намирници што треба да престанете да ги јадете ако сакате да го намалите стомакот до лето

Read more

Кои вежби најдобро влијаат на крвниот притисок?

Read more

Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

Read more

Војничка диета - ќе видите резултати за три дена

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе