Оваа медитеранска салата е комбинација од туна и компири, а мирисот на лимон и маслиново масло ѝ дава посебен вкус.
Потребни состојки:
- 700 гр компири
- 250 гр туна во масло
- магдонос (по вкус)
- сол (по вкус)
- бибер (по вкус)
- кора од лимон (по вкус)
- 1 праз
- ротквици (по вкус)
- 2 јајца
- екстра девствено маслиново масло (по вкус)
- сок од лимон (по вкус)
Забелешка: За сите состојки за кое е наведено „по вкус“ значи дека количината самите ја одредувате.
Подготовка:
Прво сварете ги компирите во тенџере со вода, со малку сол. Јајцата сварете ги да видат тврдо варени. Конзервираната туна заедно со маслото префрлете ја во сад за салата и подиздробете ја со виљушка. Изрендајте малку кора од лимон и додадете бибер. Ситно исечкајте го магдоносот и измешајте го во салатата. Празот и ротквиците исечкајте ги и додадете ги во садот.
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки, додадете ги во салатата и посолете. Исцедете го сокот од лимон и прелијте ја салатата. Истурете и маслиново масло.
Сè убаво измешајте и декорирајте со две варени јајца исечкани на прстени.