Совршено сочувани тела на мечки од пред 39.000 години

МИА/КАЈГАНА
/ 14.09.2020 / 17:37

Археолози во Сибир пронајдоа останки на две мечки за кои се проценува дека живееле пред 39.000 години. Необично е тоа што телата на овие животни се совршено сочувани.

Тие се пронајдени на две различни места, а научниците веруваат дека станува збор за „откритија од светско значење“.

– Ова е прво, и досега единствено откритие од ваков вид – целото тело на мечка, со сите ткива. Сите внатрешни органи се на место, а муцката е скоро недопрена. Сè што досега откривавме беа черепи и коски, рече д-р Лена Григоријева, која учествуваше во експедицијата.

Мечките ќе се проучуваат на Рускиот североисточен федерален универзитет во Јакутск. А, ќе бидат поканети и научници од други земји.

– Треба да извршиме радиојаглеродни анализи за да ја утврдиме точната старост. Засега се смета дека телото на повозрасната мечка е старо меѓу 22.000 и 39.500 години, истакна д-р Максим Чепрасов од Музејот на мамутите во Јакутск.

Remote video URL
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе