Во проектот Sloan Digital Survey учествуваа стотина научници од десетина институции ширум светот, собирајќи над 20 години податоци за универзумот.
Станува збор за мапирање на универзумот со телескопи, а со помош на овие мерења опфатени се повеќе од две милиони галаксии, пренесе CNN.
„Добро ја познаваме древната историја на универзумот и неговата неодамнешна историја на ширење, но постои јаз за тоа како се развил. Работевме пет години за да го пополниме тој јаз и да дојдеме до некои од најважните сознанија во космологијата во последната деценија“, вели астрофизичарот Кајл Досон од Универзитетот во Јута, водач на истражувањето кое ги објави резултатите за проектот.
3D мапата откри рани материјали кои ја дефинираат структурата на универзумот, почнувајќи од времето кога бил стар 300 години. Истражувачите мереле колку се ширела вселената низ историјата.
Научниот тим исто така идентификувал мистериозна невидлива компонента на универзумот која се вика темна енергија поради што ширењето на вселената почнало да се забрзува од пред шест милијарди години.