Спасовски: Нема пријава од полицицајци дека некој ги избркал од Арачиново

„Досега немаме пријава, ниту од полициски службеници, дека некој им се заканувал и ги избркал, ниту пријава од граѓани, иако има јавување во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои биле на пунктот, изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска информациите објавени во некои медиуми дека доцна синоќа „полициска патрола била протерана од Арачиново од вооружена група“.

Одделот за крим-полиција и внатрешната контрола, како што информира тој, денеска работат и со службен материјал ќе ги расчистат сите овие работи за да можат да информираат.

– Пренагласено е дека тоа било со оружје, но да видиме што ќе излезе на крај.  Прво да видиме кој е случајот, за да знаеме што точно се случило, па после да можеме да разговараме за се друго, рече Спасовски, додавајќи дека треба да ги утврдат фактите за да видат што се случило.

Тој повтори дека досега нема службен материјал којшто укажува на тоа дека имало таков напад, па дури и вербален, врз полициски службеници.

– Затоа викаме да заврши комплетно, ќе ги имаме деталите во овој случај, да видиме дали ќе се потврдат таквите информации или не. Факт е дека се појавуваат многу информации во јавноста и тоа во последниот период, меѓутоа ќе мораме да реагираме во однос на целиот овој настан, рече Спасовски.

Како што објавија некои медиуми, во текот на вчерашниот ден, во скопско Арачиново четири полициски службеници на полициски пункт сопреле возило управувано од лице без никакви валидни документи.

Лицето, според овие наводи, упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе