Спасовски: Нема штетен отпад увезен во државата, да се проверуваат информациите

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) – Нема штетен отпад што се увезува во државата. Ова што се случува во Бугарија одблизу го следиме. Излегуваат многу информации. Апелирам да ги проверуваме, посебно кога се работи за сензитивна материја како оваа, за животната средина, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Спасовски напомена дека и Јавното обвинителство покрена постапка за испитување на наводите во јавноста за наводно увезување штетен отпад во земјава.

-Од Министерството за животна средина и просторно планирање имаме информација дека увезувањето на отпадот е оној што е дозволен и за кој се поседуваат одредени сертификати, дека нема штетен отпад што се увезува во државата. Добро е што Град Скопје презема чекори за средување на состојбите. Институциите тоа мора да го следат. Мора да ги јакнеме капацитетите во смисла на лаборатории како можност за испитување на сé она што влегува во државата и сите заеднички да направиме сé за да ја подобриме животната средина, истакна премиерот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе