Спасовски: Полицискиот час мора во целост да се спроведе, отстапки нема да има за никого

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој синоќа беше во обиколка на неколку пункта за да види како се спроведува полицискиот час, порача дека оваа рестриктивна мерка мора во целост да се спроведе и оти нема да има отстапки за никого. Апелираше до сите граѓани да ја почитуваат забраната за движење, а за оние кои нема да ја почитуваат мерката, најави прекршочни и кривични санкции.

– Оваа е мерка која никој не ја посакува, но е неопходна ако сакаме да го прекинеме ланецот на ширење на вирусот и токму заради тоа мораме сите да се придржуваме кон неа. Очекувам, како што започнавме оваа вечер, преку почитување на оваа мерка за забрана за движење, заеднички да допринесеме во наредните 14 дена да имаме намалување на ширењето на вирусот, стабилизација на состојбата и зачувување на здравствениот систем. Убеден сум дека заедно ќе ја добиеме и оваа битка против COVID-19, изјави Спасовски.

Информираше дека сите полициски службеници се на терен согласно плановите за реализација на одлуката за полициски час.

Најголем процент од граѓаните, според него, ги почитуваат мерките, но, како што рече, секогаш постојат луѓе кои не ги почитуваат мерки без разлика во која општина живеат и на која националност припаѓаат.

– Контролите се подеднакви на целата територија на државата и апсолутно не сакам да влегуваме во било какви поделби затоа што битката со вирусот не познава ниту вера, ниту нација, ниту место на живеење, едноставно таа е опасна за сите нас. Апелирам до сите да дадеме максимум во спречување на ширењето на вирусот, рече Спасовски.

Нагласи дека отстапки нема да има за никого, освен за случаите предвидени со одлуката на Владата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе