Спасовски: Во Струга се случи сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и кон државата

Пробиштип, 8 мај 2020 (МИА) – Тоа што се случи во Струга претставува сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и неодговорност кон државата, истакна денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски за синоќешниот случај кога на литијата во Струга учествуваа поголема група на граѓани, а поголемиот дел од нив не носеа ниту заштитни маски.

Спасовски забележа дека како Влада имале одлична комуникација со верските заедници и, како што рече, на почетокот сите заедно се договориле дека пред сè важни се животот и здравјето на граѓаните.

– Нема поголем приоритет, нема поголем интерес поединечен, на одредена група, на верска заедница, на политичка партија. Јас очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните и сум длабоко разочаран од постапката која се направи вчера во Струга како човек, рече Спасовски при денешната посета на Пробиштип.

Тој потенцираше дека како претседател на Владата очекува сите надлежни институции да преземат мерки за санкционирање на организаторите, но и за оние кои не постапиле да се спречи една ваква организација.

– Очекувам и Јавното обвинителство и МВР да ги испитаат сите аспекти од овој настан и како што имавме и други настани во други места за непочитување на одлуката за не групирање повеќе од двајца да бидат преземени соодветни мерки, нагласи Спасовски.

Посочи дека одлуките мора да се почитуваат, а оцени дека 90 проценти од граѓаните досега ги почитувале мерките коишто ги одреди Владата за спречување на пандемијата. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Read more

Облачно со пороен дожд и грмежи

Read more

Плацови на Водно: Груевски осуден на 7 години казна затвор, Мијалков на година и 3 месеци, Камчев на една

Read more

Владата ги прифати препораките за ограничена работа на угостителските објекти

Read more
 

Ново

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • play_arrow

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе
  • play_arrow

По петгодишна пауза се активира Plavi orkestar

Читај повеќе