Спектакл на небото: Како да го гледате метеорскиот дожд Персеиди?

Секоја година меѓу 17 јули и 24 август на небото се случува вистински спектакл – метеорскиот дожд Персеиди. Кулминацијата на оваа небесна појава е вечерва и утревечер.

Неколку илјади тони различни честички и прашина влетуваат во нашата атмосфера секоја година, а огромна количина од овие честички согорува во атмосферата и не стигнува до површината на Земјата. Но, некои од нив „преживуваат“ и паѓаат на површината и тогаш се нарекуваат метеорити.

Брзината со која честичките влетуваат во атмосферата на нашата планета се движи во интервал од 30 до 70 км/ч, а светлосната појава метеор настанува на височина од 80 до 120 километри.

Во изминативе години, за време на максималната активност на Персеидите можеше да се забележат и по 80 до 100 метеори во еден час.

Персеидите се најверојатно најпознатите и најубавите метеорски дождови.

Remote video URL
Како можам да ги гледам Персеидите?

Сајтот astronomija.mk на Скопското астрономско друштво пишува дека Персеидите можат да произведат еден до два метеора во минута за одреден набљудувач под темно, рурално небо. Било какво светлосно загадување или месечева светлина значително го намалува бројот на видливи објекти. За небесната претстава во 2020, бидејќи Месечината во последна четвртина изгрева околу 11 часот, најдобро е да се бараат метеори веднаш по стемнување и пред изгревот на месечината.

Метеорите изгледаат како да излегуваат од соѕвездието Персеј, по кое е наречен дождот, кое ова време во годината изгрева по полноќ на североисточното небо низ целата северна полутопка. Но се препорачува да се гледа кон североисток од почетокот на ноќта за да се фатат дури и заостанатите ѕвезди што паѓаат.

Не се потребни телескопи и двогледи – голото око е најдобро приспособено бидејќи може да го опфати целото небо, а метеорите можат да се појават секаде на небото, објави astronomija.mk.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Наука

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more
 

Гик

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе