Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше казнет со 5 секунди на трката за Големата награда на Сингапур. Седумктатниот првак доби казна бидејќи неколку пати возеше надвор од патеката.
Хамилтон вчера во Сингапур го освои седмото место, но поради казната заврши на осмото, а сега седми е Фернандо Алонсо.
Во финишот на трката Хамилтон имаше предност од 4 секунди во однос на осмиот Фернандо Алонсо од Астон Мартин, но сопирачките на автомобилот на Ферари откажаа, па тој пресече неколку кривини и ја напушти патеката на патот кон целта.
Седумкратниот светски шампион ја заврши трката на седмото место со четири десетинки предност, но со казната падна на осмото место.
Шампионатот продолжува за две недели, со Големата награда на САД на 19 октомври во Остин, Тексас.