Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 19.08.2026 / 16:04

Возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, наводно ќе ја пропушти трката за Големата награда на Холандија оваа недела поради повреда на зглобот, а официјалната потврда се очекува наскоро.

De Telegraaf прв ја објави веста дека францускиот возач се повредил во текот на летната пауза, за време на тренинг во теретана, поради што неговото учество на патеката „Зандворт“ е во голем знак прашалник. Истите извори наведуваат дека најверојатната опција е Хаџар да не вози овој викенд, но дека конечната одлука сè уште не е донесена.

Доколку се потврди дека Хаџар ја пропушта 12-тата трка во сезоната, тој ќе биде заменет од Лиам Лосон, кој на тој начин би се вратил во Ред Бул по година и пол. Новозеланѓанецот минатата сезона ја започна во австрискиот тим, но по само две трки беше префрлен во Рејсинг Булс.

Интересно е што Лосон ја започна својата кариера во Формула 1 токму на „Зандворт“ пред три години, кога го замени Даниел Рикардо во Алфа Таури, денешниот Рејсинг Булс, откако Австралиецот ја скрши раката во несреќа за време на тренинг.

Местото на Лосон во сестринскиот тим Ред Бул на „Зандворт“ ќе го заземе Јуки Цунода, кој моментално ја има улогата на тест и резервен возач. На крајот од минатата година, Јапонецот го загуби своето место во Формула 1, а во последните денови имаше интензивни шпекулации за негова преселба во Индикар.

Хаџар минатата година стигна до првиот подиум во својата кариера, токму во Холандија, на патеката „Зандворт“.

Оваа сезона алжирскиот возач бележи солидни резултати, поради што има голема шанса да остане во Ред Бул и следната година. Од почетокот на годинашното првенство, најдобриот резултат на Хаџар е четвртото место во Монте Карло. Хаџар моментално е на 8. место во генералниот пласман со 68 бодови.

Доколку ја пропушти Големата награда на Холандија, Хаџар ќе има две недели да се опорави за следната трка, која се одржува во Монца.

Акцијата во рамките на 12-тата трка од сезоната во Формула 1 започнува во петок во 12:30 часот со единствениот слободен тренинг, бидејќи викендов на „Зандворт“ ќе се вози и спринт трка.

Тагови
реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Ф1

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Read more

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Read more

F2002 на Шумахер повторно ќе грми во Монца: Фетел и Барикело го враќаат легендарното Ферари на патеката

Read more

Антонели ќе стартува од последното место во Монца

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе