формула 1 2025

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Ф1
Ф.З.
/ 07.12.2025 / 17:41

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, го освои шампионатот во Формула 1 за прв пат во својата кариера.

Норис заврши трет на денешната трка за Големата награда на Абу Даби, што му беше доволно да го освои шампионатот во Формула 1.

Видовме еден голем детаљ во трката уште во првиот круг. Макс Верстапен стартуваше од првото место во својот Ред Бул и веднаш го одбрани, но веќе во првиот круг видовме пресметка меѓу возачите на Мекларен.

Ландо Норис ја започна трката од второто место, а Оскар Пјатри од третото, а веќе во првиот круг Пјатри направи одличен маневар на надворешната страна за да го престигне Норис, кој падна на третото место.

Откако Норис влезе во боксот во 17-от круг, падна на 9-тото место, но брзо се искачи на четвртото.

Пред него во тој момент беше Јуки Цунода, возачот на Ред Бул, кој се потруди да го спречи Британецот и да го забави за да му даде шанса на Леклер да го престигне, и така Верстапен да стане шампион.

Норис го престигна Цунода во 23. круг, но се чини дека го сторил тоа со напуштање на патеката и беше под истрага.

На почетокот од 30-тиот круг судиите ја донесоа конечната одлука, која не беше да се казни Норис, туку да се казни Цунода со 5 секунди за одбрана на недозволен начин  двапати со промена на насоката во која се движеше, и беше заклучено дека Норис поради ова бил принуден да ја напушти патеката.

Верстапен го задржа водството до крајот на трката, пред Пјастри, а кога Норис ја помина целта на третото место, почна да ја слави шампионската титула.

Норис на крајот ја освои титулата со 423 поени, два повеќе од Верстапен. Титулата кај конструкторите беше прославена одамна во Мекларен.

Тагови
реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Ф1

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Read more

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Read more

F2002 на Шумахер повторно ќе грми во Монца: Фетел и Барикело го враќаат легендарното Ферари на патеката

Read more

Антонели ќе стартува од последното место во Монца

Read more

Спорт

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Читај повеќе

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе