Ким Кардашијан и Луис Хамилтон ја официјализираа својата врска на Instagram со едно брзо видео во кое само најтрпеливите конечно можеа да ја видат ријалити ѕвездата.
Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан веќе неколку пати беа видени заедно на големи настани, како што е Супербоул, а беа видени и како шетаат низ Токио.
Сепак, до овој момент, ниту Ким ниту Луис не се огласија, иако не ги негираа ниту гласините. Сега сè е конечно јасно и станаа „Instagram официјална двојка“.
Хамилтон објави видео на кое се гледа како ужива во возењето, но дури на крајот во кадарот се појавува Ким, која цело време беше на совозачкото седиште.
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон првпат почнаа гласини во февруари оваа година, се велеше дека отишле на краток одмор, а потоа беа видени заедно на Супербоул и во Јапонија, каде што е снимено споменатото видео.
Тие сега ја објавија потврдата за нивната врска и дефинитивно повеќе нема сомнеж дали се заедно или не.