Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 14.04.2026 / 15:05

Поранешниот возач на Формула 1 и амбасадор на трки во Абу Даби, Роберт Дорнбос, наговести дека неодамна откажаната Голема награда на Саудиска Арабија сè уште може да се врати во календарот и да се одржи подоцна во текот на годината.

Да потсетиме дека трката во Бахреин беше планирана за 12 април, додека Саудиска Арабија требаше да биде домаќин на караванот на Формула 1 на 19 април. Сепак, обете трки беа откажани поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Поради ова, има невообичаено долга пауза во сезоната од дури пет недели помеѓу Големата награда на Јапонија (29 март) и следната трка во Мајами (3 мај).

По откажувањето на овие две трки, календарот за сезоната 2026 сега има 22 трки наместо првично планираните 24, со претходно соопштение дека откажаните трки нема да бидат надоместени во текот на април.

Сепак, Дорнбос ги поттикна шпекулациите дека трката во Џеда може да се врати во распоредот. Според него, постои можност Големата награда на Саудиска Арабија да се одржи на 6 декември, додека крајот на сезоната во Абу Даби би се поместил на 13 декември.

„Слушнав различни информации. Знаеме колку е важен Aramco како спонзор на Формула 1 и колку инвестира во промоцијата на трката во Џеда. Постои реална шанса трката да се врати во календарот оваа година“, рече Дорнбос.

Aramco, државната нафтена компанија на Саудиска Арабија, е еден од клучните партнери на Формула 1 и значаен финансиер на големи спортски настани низ целиот свет.

Според овие изјави, крајот на шампионатот би можел да изгледа значително поинаку, дури четири последователни трки: Лас Вегас, Катар, Саудиска Арабија и Абу Даби.

Во моментов, Големата награда на Абу Даби е закажана за периодот од 3 до 6 декември на патеката „Јас Марина“, каде што традиционално се одлучува за шампионот. Сепак, доколку има промени во календарот, постои можност оваа трка да се помести за една недела подоцна.

реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Ф1

Мексико сака да има најдобра патека: Започнаа работите вредни милиони

Read more

Леклер казнет во Мајами, падна на 8. место

Read more

Формула 1 среде сезоната ги смени правилата

Read more

Расел: Ќе возам за Мерцедес и во 2027 година

Read more
 

Спорт

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мексико сака да има најдобра патека: Започнаа работите вредни милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал во Турција: Торејра нападнат пред кафуле поради девојка

Читај повеќе

26 години подоцна Лацио и Интер повторно се борат за куп пехарот

Читај повеќе
  • play_arrow

Невиден хаос на саудиското дерби: Навивачите на Ал Наср со стапови ги тепаа навивачите на Ал Хилал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Минесота, на еден триумф се од финалето на Западот

Читај повеќе

Почина големaта шампионка Малесе откако колабираше на тренинг

Читај повеќе

Американците без Кардосо на Мундијалот

Читај повеќе

Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско

Читај повеќе