Ваква борба за титулата во Формула 1 немало 15 години

Ф1
А.С.
/ 03.12.2025 / 17:50

Во пресрет на последната трка од Светското првенство во Формула 1, Големата награда на Абу Даби, која се одржува во недела на патеката Јас Марина, тројца возачи имаат шанса да ја освојат шампионската титула - Британецот Ландо Норис (Мекларен), Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) и Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен).

Норис е во најдобра позиција

Норис води со 408 поени, а ќе ја обезбеди првата титула во кариерата ако заврши на едно од првите три места, без оглед на резултатите на неговите ривали. Актуелниот светски шампион Верстапен е втор со 396 поени, додека Пјастри е на третото место со 392 поени. За потсетување, победата носи 25 поени, второто место 18, третото 15 и четвртото 12 поени.

„Беше неверојатна сезона. Имаме неверојатен автомобил. Горд сум на сите во тимот. Им благодарам на сите наши фанови. Имаме уште една трка и ќе дадеме сè од себе“, рече 26-годишниот Норис.

Верстапен, кој може да му се придружи на легендарниот Германец Михаел Шумахер како единствен возач кој освоил пет последователни титули, беше 104 поени зад Пјастри на крајот на август. „Остануваме во борбата до крајот“, рече Холанѓанецот по победата во Катар минатиот викенд.

Победата нема да биде доволна за Холанѓанецот; во тој случај, Норис мора да заврши четврти или пониско. Пјастри е во слична позиција, и ако победи, неговиот соиграч Норис мора да заврши шести или пониско. Мекларен објави дека ќе разговара со своите возачи пред одлучувачкиот викенд.

Мекларен: Сакаме да бидеме фер кон нашите возачи

„Сакаме да бидеме фер кон нашите возачи, сакаме да се тркаме со интегритет и на начин што нема да ги изненади нашите возачи. Пред Абу Даби ќе разговараме со Ландо и Оскар. Ќе го потврдиме нашиот пристап кон трките, но она што можам да го кажам е дека ако еден возач е во можност да продолжи да се бори за титулата, ние ќе го почитуваме тоа. Нема да се донесуваат одлуки што исклучуваат друг возач ако е во можност да победи“, рече шефот на тимот на Мекларен, Андреа Стела.

Последниот пат кога тројца возачи се бореа за титулата беше во последната трка од сезоната 2010, и на крајот се радуваше Германецот Себастијан Фетел во Ред Бул, иако влезе во последната трка од третото место и 15 поени зад лидерот Фернандо Алонсо во Ферари, додека меѓу нив беше Австралиецот Марк Вебер со осум поени помалку.

На крајот, Фетел победи во Абу Даби, освојувајќи го шампионатот со 256 поени. Алонсо беше дури седми и ја заврши сезоната втор со 252 поени, додека Вебер ја заврши трката осми и трет во генералниот пласман со 242 поени.

реклама

Ф1

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Read more

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Read more

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Read more

Верстапен на пол позиција по 302 дена, Хамилтон втор во квалификациите

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе