Верстапен се сели во Мерцедес!?

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 02.07.2025 / 15:58

Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Верстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул.

Како што објави Sky Italia, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.

Верстапен и Волф наводно постигнале усмен договор. Сепак, медиумите објавуваат дека раководството на Мерцедес сè уште не го одобрило конечниот трансфер.

„Немам што да кажам за тоа. Колку повеќе зборувам, толку повеќе ќе се пишува. Не сакам тоа да се случи. Јас одлучувам за мојата иднина“, ги коментираше шпекулациите Верстапен.

Иднината на Верстапен во Ф1 е предмет на многу шпекулации веќе некое време, со оглед на борбата на Ред Бул да биде конкурентен оваа сезона.

Шансите тој да ја одбрани титулата се значително намалени откако испадна во првата кривина на Големата награда на Австрија, по контактот со Кими Антонели од Мерцедес.

По 11 од 24 трки, Холанѓанецот има 61 бод помалку од лидерот во шампионатот, Оскар Пјастри од Мекларен, и 46 зад вториот возач на Мекларен, Ландо Норис.

„Секако дека ќе има подобрување, но не можам да кажам дека ќе биде веднаш. Не можам ни да кажам дали ќе биде успешно. Околу летната пауза, ќе биде појасно што ќе се случи оваа сезона во однос на перформансите. Но, тоа не значи дека размислувам за тоа повеќе оваа година отколку минатата или претходните години. Опуштен сум за сè, само си ја работам работата“, коментираше Холанѓанецот за резултатите.

Верстапен има договор со Ред Бул до 2028 година, но наводно содржи клаузули поврзани со конкурентноста на тимот, што ја става неговата иднина со австрискиот тим во прашање.

Неговиот трансфер во Мерцедес се предвидува за 2026 година, со оглед на тоа што договорот на Џорџ Расел истекува на крајот од оваа сезона.

Мерцедес сè уште не му понудил продолжување на Британецот, и покрај неговиот одличен почеток на сезоната.

реклама

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Затишје пред бура: Цените на половните автомобили пред драматична промена

Read more

Германија подготвува најстрог сообраќаен закон: Целосна забрана за апликации за предупредување од камери

Read more

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Read more

Ф1

Норис очекува повеќе хаос на трките

Read more

Мерцедес го претстави болидот за новата сезона

Read more

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Read more

Верстапен избран за возач на годината во Формула 1

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Читај повеќе

Спортистите во Олимпиското село останаа без кондоми

Читај повеќе

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Обожавателите се возбудени: Мекгрегор сериозно тренира, чека покана за настанот во Белата куќа

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ стана третиот најстар стрелец во Серија А

Читај повеќе

В недела по 101-ви пат Работнички и Вардар ќе го одиграат скопското дерби

Читај повеќе

Познат распоредот за Лигата на нации: Македонија отвора против Швајцарија дома

Читај повеќе

Стадионот на Тотенхем се претвора во боксерски ринг: Фјури се враќа од пензија

Читај повеќе

Седлоски: Во Лигата на нации ќе го наметнеме нашиот стил на игра

Читај повеќе