АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Шахтар синоќа ја освои титулата во украинскиот шампионат, а некаде по 20 часот ја доби најдобрата можна вест од Грција бидејќи таму атински АЕК ја освои титулата, а тоа за Украинците значи дека како шампиони со најдобар клупски коефициент добија директно место во Лигата на шампионите.

Бидејќи двата потенцијални освојувачи на титулата во Лигата на шампионите, Арсенал и Пари Сен-Жермен, се квалификуваа за лигашката фаза преку нивната позиција во домашното првенство, списокот за пристап е ребалансиран. Највисоко рангираниот шампион во квалификациските рунди, Шахтар од Донецк, е преместен од второто квалификациско коло во лигашката фаза, додека двата највисоко рангирани шампиони кои првично влегоа во првото квалификациско коло се преместуваат во второто квалификациско коло.

Украинските шампиони, предводени од турскиот тренер Арда Туран, ја завршија сезоната на најдобар можен начин. Тие официјално станаа 18-тиот тим што обезбеди директен пласман во елитното натпреварување, по Барселона, Баерн, ПСВ, Арсенал, Реал Мадрид, Интер, Манчестер Сити, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Виљареал, Порто, Манчестер Јунајтед, Атлетико, Ланс, Лајпциг, Галатасарај и Фејнорд.

Долго време кандидат за тоа директно место беше белградска Црвена звезда, во еден момент дури и водечки кандидат бидејќи Шахтар беше втор во Украина зад изненадувањето Черкаси. Но, малиот клуб загуби здив, додека четата на Арда Туран неуморно иташе кон титулата. Така, поранешниот европски шампион ќе мора да игра квалификации почнувајќи од второто коло.

А, што се однесува на грчкиот шампион, тој ќе стартува од плејоф квалификациската рунда, каде засега место има обезбедено само уште норвешки Викинг. Ова е последното коло пред лигашката фаза.

За македонскиот шампион овие претумбации на значат ништо, без разлика дали титулата ќе ја освои Вардар или Шкендија. Кој и да биде ќе почне од првото квалификациско коло.

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Фудбал

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Read more

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Read more

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Read more

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Read more

Спорт

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Читај повеќе

Ракометарите добија интересна група на Светското 2027, ќе играат во Магдебург

Читај повеќе

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Читај повеќе

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет

Читај повеќе

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Читај повеќе
  • play_arrow

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Читај повеќе

Дешан порача: Франција оди по пехарот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси имаше необична средба со Исланѓанец: Пред 17 години играше со татко му, сега против него

Читај повеќе