ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 1994 САД

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Поранешниот играч од средниот ред на Италија и Милан, Деметрио Албертини, вели дека двајца „Аѕури“, кои играле за Интер и Милан, се криеле зад клупата за резерви за да избегнат да бидат меѓу изведувачите во пенал-серијата на финалето од Светското првенство во 1994 година против Бразил.

Роберто Баџо го промашува решавачкиот пенал

Легендата на Милан, Албертини, откри дека двајца од неговите соиграчи од репрезентацијата на Италија не биле подготвени да се соочат со притисокот при изведувањето пенал во рулетот во финалето на Мундијалот во Пасадина, Калифорнија против Бразил, кое „Аѕурите“ го загубија. Кога се кроел списокот на петтемина изведувачи, тие двајца се повлекле зад клупата за селекторот Ариго Саки да не ги праша дали би шутирале.

„Имав 22 години и целата кариера беше пред мене. Имав невнимателен и безгрижен став како најмладите во групата. Саки ме праша дали се чувствувам подготвен да изведам пенал, а јас прифатив без размислување“, изјави Албертини за Gazzetta, преку Calciomercato.com.

„Имаше и такви што се криеја зад клупата само за да избегнат да изведат еден. Никогаш нема да ги кажам нивните имиња, но едниот играше за Милан, а другиот за Интер.“

Барези, Масаро, Малдини, Донадони и Албертини со горчината на поразот

Никола Берти беше единствениот играч на Интер во составот на Италија на Мундијалот, а со оглед на тоа што играше во финалето и не беше заменет, тој дефинитивно е едниот од двајцата што „се криеле“.

Милан имаше седуммина „Аѕури“ на Мундијалот, но Алесандро Костакурта и Мауро Тасоти не играа во финалето, Барези, Албертини и Масаро шутираа пенал, па остануваат само тогаш 26-годишниот Паоло Малдини и Роберто Донадони (30). Еден од нив се криел, но невозможно е да се утврди кој бидејќи и двајцата беа на располагање, односно не беа заменети во текот на играта.

Можеби вториот е Донадони, бидејќи тој на плеќи носеше еден сличен непријатен момент. Имено, во полуфиналето на Светското првенство во 1990 година, кога токму Италија беше домаќин, Донадони промаши пенал во рулетот против Аргентина кога „Аѕурите“ загубија со 4:3.

Со Паседина рулетот заврши 3:2 за Бразил откако Франко Барези, Даниеле Масаро и Роберто Баџо ги промашија своите удари. Калудио Тафарел еднаш одбрани, а Барези и Баџо го префрлија голот.

Друг болен момент во кариерата на Албертини се случи помалку од десет години подоцна, исто така со „Аѕурите“: „Најлошиот момент беше губењето на финалето на ЕУРО 2000 против Франција со златниот гол. Навистина боли да се види како последната вистинска шанса да се освои нешто со националниот тим се испушта на тој начин“, рече тој.

Поранешен играч од средниот ред на Милан, Падова, Атлетико, Лацио, Аталанта и Барселона, Албертини со „Росонерите“ ја освои титулата во Серија А 5 пати, Лигата на шампионите еднаш, италиајнскиот Суперкуп 3 пати и УЕФА суперкупот двапати. Има и по една титула од Копа Италија со Лацио и од Ла Лига со Барса.

Албертини одигра 79 натпревари за репрезентацијата на Италија, последниот на пријателски натпревар против Англија во 2002 година. Поранешниот играч од средниот ред постигна 3 гола за „Аѕурите“.

реклама
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Фудбал

Роналдо официјално под суспензија

Read more

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе