Алегри: Да бидеме реални, целта на Милан е ЛШ, а не титулата во Серија А

Макфакс/Кајгана
/ 16.03.2026 / 19:40

Лацио го победи Милан со 1:0 во 29-тото коло од Серија А. Со овој пораз, Милан значително ги намали шансите во ловот на водечкиот Интер, кој сега има 8 бодови предност. Во случај на победа, Милан можеше да стигне до негатива од 5 бода, откако Интер киксна играјќи 1:1 дома против Аталанта во саботата, но голот на Густав Исаксен во 26. минута го реши натпреварот на „Олимпико“.

„Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар, особено откако навивачите се вратија на стадионот. Се мачевме во првото полувреме, направивме премногу технички грешки. Во второто полувреме тие го загубија ритамот, а ние игравме подобро, иако не успеавме да постигнеме гол“, рече тренерот на Милан, Масимилиано Алегри, и ги истакна целите на Милан до крајот на сезоната.

„Сите зборуваа за шампионската титула, а по ремито на Интер со Аталанта можам да го разберам тоа, но мора да бидеме реални и да се фокусираме на нашата цел, а тоа е Лигата на шампионите. Во спротивно, ќе уништиме сè што градевме со месеци, а тоа не би било добро бидејќи сме на важен пат“, рече популарниот Макс.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Read more

Кошаркар висок 2,36 има просек од 0,5 скока, а бара договор од 3 милиони долари

Read more

Фудбал

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more

Меси купи клуб во Каталонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе