Алонсо отпуштен по расправија со тројца клучни играчи, проблемите почнале во октомври

Шаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал Мадрид, а The Athletic објави дека причината за неговото заминување биле несогласувањата со клучните играчи - Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.

Баскиецот првично имаше успешен старт со 17 победи во своите први 20 натпревари, но резултатите на тимот неодамна се влошија.

Проблемите наводно започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година, кога Алонсо се судрил со Винисиус откако го заменил и покрај победата.

Бразилецот бил незадоволен од замената и одбил да се ракува со тренерот, а Реал не презел дисциплински мерки против играчот во тоа време.

Алонсо наводно чувствувал дека ја губи контролата и не бил поддржан од управата, додека Валверде и Белингам имале проблеми со неговиот стил на управување и тактички одлуки.

Англичанецот имаше истакната улога во тимот во текот на изминатите две сезони, но оваа сезона се мачи со формата и под водство на Алонсо веќе не беше сигурен стартер во средниот ред.

Од друга страна, Валверде, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата претпочитана улога во средината на теренот.

Баскискиот стратег во Реал издржа 7 меси и 12 дена, за кои одигра 34 натпревари остварувајќи 24 победи, 4 нерешени и 6 порази со гол-разлика 72:38. Не успеа да му го донесе на Реал пехарот од Светското клупско првенство, како ни шпанскиот Суперкуп, кој се чини му пресуди откако го загуби финалето од Барса со 3:2 во неделата.

реклама

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Read more

Драма на небото: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Read more

Филмски напад во Италија: Разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на кеш

Read more

Фудбал

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Read more

Роналдо го прекинува штрајкот

Read more

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Read more

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Read more
 

Спорт

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Читај повеќе

Роналдо го прекинува штрајкот

Читај повеќе

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Читај повеќе

Дали Манчестер Јунајтед засекогаш ја затвори вратата за Роналдо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Линдзи Вон оперирана во болницата во Тревизо

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд: Жал ми е за Собослаи, но знам дека судијата мора да ги почитува правилата

Читај повеќе

Официјален распоред на настапи на македонските спортисти на Зимската олимпијада

Читај повеќе

Претепан судијата кој го запроси дечко му на натпревар пред 50.000 луѓе

Читај повеќе