фифа светско првенство 2026 канада/сад/мексико

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Макфакс/Кајгана
/ 06.12.2025 / 11:51

На Светското првенство 2026 Бразил доби група по мерак. Во првата фаза петкратните светски шампиони ќе играат против Мароко, Шкотска и Хаити.

Бразил ќе го игра првиот натпревар на 13 јуни против Мароко, по што ќе следат средби со Хаити на 19-ти и Шкотска на 24 јуни.

„Мароко беше многу добар на последното Светско првенство 2022 во Катар, стигнаа до полуфиналето, додека Бразил беше елиминиран во четвртфиналето. Шкотска има многу силен тим, ќе биде многу тешко“, рече селекторот на Бразил, италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

„Мора да се обидеме да завршиме први во групата. Пред сè, мора добро да се подготвиме за првиот натпревар, кој ќе биде многу важен. Мора да размислуваме за победа на сите три натпревари. Прво против Мароко, што ќе биде најтешко, но и против другите два противника. Мора да имаме самодоверба“, додаде тој.

Бразил ќе одигра два пријателски натпревари во САД во март, против Франција и против Хрватска. дополнително ќе закаже уште неколку пријателски пред Мундијалот, во термините мај/јуни.

реклама

Фудбал

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Read more

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Read more

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Read more

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе