Англија и Велс играат добротворен натпревар за борба против деменцијата

Репрезентациите на Англија и Велс ќе се сретнат вечерва (20:45 часот) на познатиот „Вембли“ во пријателски натпревар кој носи силна порака - поддршка за луѓето што живеат со деменција.

Момент од дуелот на Англија и Велс на Мундијалот 2022 во Катар

Иако се жестоки ривали на теренот, овој пат Англичаните и Велшаните ги здружија силите во благородна мисија. Иницијативата ја предводи Фудбалската асоцијација (ФА), во соработка со организацијата за Алцхајмерова болест, а со цел да се привлече вниманието на јавноста кон предизвиците со кои се соочуваат оние што страдаат од оваа болест.

Во симболичен гест, наместо вообичаените деца што излегуваат на теренот, играчите ќе вода 22 навивачи од Англија и Велс кои живеат со деменција. Тие беа избрани од кандидати од двете земји, а нивното присуство на теренот треба да испрати јасна порака - борбата против деменцијата е можна само со меѓусебна поддршка.

Во второто полувреме репрезентациите ќе играат во дресови без имиња - моќна визуелна претстава на еден од најчестите симптоми на деменција: губење на меморијата. Сличен потег беше забележан во март 2024 година кога Англија играше против Белгија, во рамки на истата кампања.

По овој посебен натпревар, двата тима го продолжуваат натпреварувањето во квалификациите за Мундијалот 2026. Англија ќе игра на гости против Латвија на 14 октомври, додека Велс ќе биде домаќин на Белгија во Кардиф еден ден претходно - во натпревар што може да биде клучен за нивниот пласман на Светското првенство.

Велс моментално го зазема третото место во групата во која е и Македонија, а триумф над Белгијците значително би им ги зголемил шансите за пласман на завршниот турнир пред одлучувачкиот дуел со Македонците со ноември.

реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Фудбал

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Read more

Уште еден сојузник му врти грб на Инфантино

Read more

Шокантни детали од судењето: Марадона умирал во агонија

Read more

Кој е Брајан Маџо? Најмладиот стрелец во УЕФА Суперкупот поради кој Астон Вила се судеше со ФИФА

Read more

Спорт

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Читај повеќе

Уште еден сојузник му врти грб на Инфантино

Читај повеќе

Шокантни детали од судењето: Марадона умирал во агонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Нестварен светски рекорд на Сара Куртис

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Брајан Маџо? Најмладиот стрелец во УЕФА Суперкупот поради кој Астон Вила се судеше со ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси сепак брзо се врати во игра по смртта на татко му

Читај повеќе
  • play_arrow

Дрезден воведе револуција во Германија: Динамо им забрани на инфлуенсерите пристап на стадион

Читај повеќе
  • play_arrow

Дуе не ги крие амбициите на Светците: Целта сезонава е да освоиме сè

Читај повеќе

Роналдо до Меси: Голема прегратка

Читај повеќе