Арсенал си најде нов голман: Најскапиот голман на сите времиња пристигнува на Емирejтс

Некогаш вредеше 84 милиони евра, а сега 14 пати помалку... Порано беше најскапиот голман на планетата, а сега доаѓа во Арсенал како резервен голман. Кепа Арисабалага доаѓа на „Емирејтс“ каде што ќе ја преземе улогата на замена за Давид Рајa.

„Топчиите“ мораа да платат само 6 милиони за 30-годишниот шпански репрезентативец, а Челси едвај чекаше да се ослободи од една од најскапите грешки во историјата на клубот. Последните две сезони ги помина на позајмица, а сега „Сините“ конечно успеаја да најдат трајно решение.

И покрај сè што му се случи, Арисабалага немаше лоша кариера. Неговиот најголем „кикс“ не беше во неговите раце, туку во Челси, кој одлучи да го направи најскапиот голман во историјата на фудбалот. Беше невозможно да се оправда фантастичната бројка што лондонскиот тим ја издвои за него, а не помогна ниту ситуацијата во која одби да излезе од теренот за време на финалето на Карабао купот.

Сфаќајќи дека врската им е пукната, „Сините“ го испратија на позајмица во Реал Мадрид, каде што ја освои Лигата на шампионите како резервен голман. Минатата сезона беше дел од Борнмут, каде што одигра 35 натпревари. Од нив, успеа да ја зачува мрежата на 9 натпревари и беше дел од тимот кој речиси стигна до излез во Европа.

На крајот стана вториот голман во последните 10 години кој комплетирал трансфер од Челси во Арсенал, по Петр Чех - легендарниот премиерлигашки голман.

Кепа е второто засилување за Арсенал летово, по Мартин Субименди од Реал Сосиедад. Очигледно баскискиот стратег на клупата на Арсенал, Микел Артета, е решен „Топчиите“ да ги засили со Баскијци, барем засега така делува. Таму веќе од лани е и уште еден Баскиец, Микел Мерино. 

реклама

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Read more

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Read more

Веднаш ажурирајте го Google Chrome 

Read more

Фудбал

Филипе Кутињо го напушта матичниот клуб откако навивачите го исвиркаа

Read more

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Мајмуни Прилеп: И покрај сите наши напори да не згасне Победа, не успеавме

Read more

Бенфика со видео доказ ги поби тврдењата на играчите на Реал

Read more
 

Спорт

Филипе Кутињо го напушта матичниот клуб откако навивачите го исвиркаа

Читај повеќе

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Читај повеќе

Мајмуни Прилеп: И покрај сите наши напори да не згасне Победа, не успеавме

Читај повеќе
  • play_arrow

Бенфика со видео доказ ги поби тврдењата на играчите на Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо: Вини ми кажа едно, Престиани друго, не му верувам на никого 100%

Читај повеќе
  • play_arrow

Жестока порака на Винисиус: Мораше да стави дрес преку устата затоа што е слаб

Читај повеќе

Престиани проговори: Не го навредив Винисиус на расна основа

Читај повеќе

Азар: Се чувствувам повеќе како таксист отколку како фудбалер

Читај повеќе

Откриени детали од расправијата на Роналдо со Тен Хаг: Португалецот излегол поголем инает

Читај повеќе