летни трансфери 2026

Арсенал за 87,5 милиони евра го заврши трансферот на Бруну Гимарајс

Макфакс/Кајгана
/ 05.08.2026 / 12:32

Арсенал и Њукасл постигнаа договор во врска со трансферот на Бруну Гимарајс. Актуелниот англиски првак за услугите на Бразилецот ќе плати 87,5 милиони евра.

Бруну Гимарајс беше голема желба на менаџерот Микел Артета. Тој го идентификуваше 28-годишниот играч од средниот ред како клучно засилување за тимот што ја освои Премиер лигата минатата сезона.

За трансферот на Гимарајс на стадионот „Емирејтс“ се зборува со месеци, а реализацијата на трансферот ги потврдува амбициите на клубот во подготовка за одбрана на шампионската титула.

Трансферот дојде откако играчот и клубот ги договорија финансиските услови минатиот месец. Иако претходно имаше интерес за него низ цела Европа, Арсенал немаше сериозна конкуренција ова лето. Ривалските клубови беа убедени дека поранешниот играч на Лион ќе ја продолжи кариерата во Северен Лондон. Гимарајс моментално е во тренинг кампот во Ла Манга и наскоро ќе ги помине медицинските прегледи.

Гимарајс е четвртото засилување на Арсенал ова лето, со што продолжува значајната инвестиција на клубот во тимот. Серијата купувања започна со откупот на договорот на Пјеро Инкапје од Баер Леверкузен за 40 милиони евра.

Потоа во клубот, како слободен играч дојде францускиот голман Илан Мелје од Лидс Јунајтед. Третото засилување беше грчкиот крилен играч Христос Цолис, платен рекордни 40 милиони евра на Клуб Бриж. Тој пристигна како замена за Леандро Тросар, кој се пресели во Бешикташ.

реклама

Фудбал

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Read more

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе