Атлетиката го пресели Вардар од Националната арена

Филип Здравески
/ 24.04.2025 / 16:24

Вардар повторно е приморан како домаќин да игра на тренинг центарот на ФФМ бидејќи атлетиката ќе ја окупира Националната арена „Тодор Проески“ претстојниов викенд.

Во рамките на 29. коло од 1.МФЛ екипата на Вардар ја пречекува Беса 1976 в сабота од 16 часот, но натпреварот ќе мора да го игра на алтернативен стадион. „Црвено-црните“ одбраа да играат на еден од стадионите на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ во населбата Ново Лисиче.

По избореното куп финале во средата, Вардар им се враќа на лигашките обврски каде со досегашните 32 бода веќе сигурно чекори кон опстанок. За разлика од скопскиот колос, гостите од гостиварското село Добри Дол се претпоследни со 24 бодови и грчевито се борат да излезат од опасната зона.

Во сабота на Националната арена е отворањето на сезоната 2025 со меѓународен митинг во атлетика во организација на Атлетската федерација на Македонија. Тоа е причината зошто Вардар не може да го користи својот дом ова коло, откако и претходниот домашен натпревар, од 27. коло против Тиквеш, исто така го играше на ФФМ поради тоа што доамќин беше и Работнички, кој како подобропласиран на табелата доби предност да игра на Арената.

Рокадата на Вардар направи поместување и во локалната општинска лига на Кисела Вода каде в сабота од 17 часот исто така на ФФМ Слободен требаше да ја пречека Победа од Долно Лисиче, но сега тој меч е преместен за в недела во истото време, исто така на Тренинг центарот „Петар Милошевски“.

реклама

Фудбал

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Read more

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Read more

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Read more

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Read more
 

Спорт

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Читај повеќе

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе