Азар: Се чувствувам повеќе како таксист отколку како фудбалер

Макфакс/Кајгана
/ 17.02.2026 / 18:00

Поминаа речиси три години откако Еден Азар, по турбулентен период во Реал Мадрид обележан со повреди, одлучи да ја заврши кариерата.

Белгиецот вели дека денес се чувствува повеќе како таксист отколку како фудбалер.

„Мојот живот е доста едноставен. Татко сум на пет деца, во моментов сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред. Останавме да живееме во Мадрид. Ја донесов одлуката поради семејството, децата, времето и храната. Животот минува многу брзо, особено во фудбалот. Вчера имав 19 години, а денес имам 35. Мора да уживате во животот, не само во фудбалот, туку во сè“, рече Азар во интервју за The Guardian.

Во таа пригода раскажа една незаборавна анегдота од времето кога Жозе Мурињо беше менаџер на Челси.

„Отидов во Лил да гледам натпревар и го изгубив пасошот на враќање. Доцнев и го пропуштив тренингот. На следниот натпревар ме исфрли од тимот и рече дека е моја вина“, се присети Белгиецот.

Зборуваше и за најпосебните моменти во неговата кариера.

„Светското првенство во 2018 година беше неверојатно. Имав можност да играм со мојот брат. Да бидеш капитен на својата земја е нешто посебно. Сметам дека Белгија беше неверојатна во тие години. Иако не победивме, денес велат дека бевме подобар тим од Франција и тоа ме прави горд“, рече Азар.

Тагови
реклама

Фудбал

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Read more

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Read more

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Read more

Пеп пред соочувањето со Реал: Кој не верува во пресврт, нека седи дома

Read more
 

Спорт

Работнички го освои Куманово и се врати во игра за опстанок

Читај повеќе

Челси казнет со 12,3 милиони евра и условна забрана за трансфери

Читај повеќе

Седлоски: Свесни сме дека Данска е топ репрезентација и фаворит

Читај повеќе

Пеп пред соочувањето со Реал: Кој не верува во пресврт, нека седи дома

Читај повеќе

Седлоски го откри составот за мундијалскиот бараж против Данска

Читај повеќе

Лапорта убедливо победи, останува претседател на Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Леао „откачи“ кога излезе од игра против Лацио

Читај повеќе

Еден Азар под истрага

Читај повеќе

Дали на Трамп ќе му биде забрането да дојде на Мундијалот?

Читај повеќе