уефа лига на шампиони 2025/2026

Баерн остана без сите голмани, тинејџер ќе брани на реваншот со Аталанта

Макфакс/Кајгана
/ 16.03.2026 / 18:45

Баерн веќе избори пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот меч во Бергамо ја прегази Аталанта со 6:1, но на неодреден период се соочува со сериозен проблем. Четворицата голмани се повредени, никој од нив нема да биде во тимот за реваншот против Италијанците.

Свен Улрих се повреди на натпреварот од 26. коло од Бундеслигата против Баер Леверкузен (1:1), одигран во саботата.

Во соопштението за медиумите, клубот од Минхен објави дека по деталниот медицински преглед е утврдено дека сѐ уште не е познато колкава пауза му претстои.

Германските медиуми потсетуваат дека Баерн има проблеми со повредите на голманите, бидејќи Мануел Нојер и Јонас Урбиг од претходно се повредени.

Нојер се повреди на 6 март на натпреварот од Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах (4:1), додека Урбиг заработи потрес на мозокот пред пет дена во првиот осминафинален меч од ЛШ против Аталанта.

Повреден е и 19-годишниот Леон Кланац, кој брани за вториот тим на Баерн во третата лига, а е и репрезентативец на Германија до 19 години (има хрватско потекло).

На 18 март играчите на Баерн ќе ја пречекаат Аталанта во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а Ленард Прескот, кој има само 16 години, би можел да дебитира на голот на германскиот великан. Роден во Њујорк, израснат е во Минхен и дури е и репрезентативец на Германија во младинските категории.

реклама

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Фудбал

Брера Струмица запиша историска прва победа во УЕФА Младинската лига

Read more

Клоп во репрезентацијата повика фудбалер кој пред 15 месеци играше во трета лига

Read more

Мурињо му дава трошки, а тој гo храни Реал: Нереалната изведба на Карлос Еспи

Read more

Седлоски: Како играч никогаш немав 4 натпревари во 10 дена, ќе ротирам

Read more

Спорт

Брера Струмица запиша историска прва победа во УЕФА Младинската лига

Читај повеќе

Клоп во репрезентацијата повика фудбалер кој пред 15 месеци играше во трета лига

Читај повеќе

Одбојкарите со победа се простија од разочарувачкото ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо му дава трошки, а тој гo храни Реал: Нереалната изведба на Карлос Еспи

Читај повеќе

Формула 1 го објави распоредот за 2027 година, зголемен бројот на спринт трки

Читај повеќе
  • play_arrow

Седлоски: Како играч никогаш немав 4 натпревари во 10 дена, ќе ротирам

Читај повеќе

Седлоски повика 28 играчи за новата сезона во Лигата на нации

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Читај повеќе