Барселона официјално се повлече од проектот Суперлига

Макфакс/Кајгана
/ 08.02.2026 / 13:49

Барселона се огласи со кратко соопштение, кое се однесува на она што каталонските медиуми го објавија пред четири месеци.

„Фудбалскиот клуб Барселона објавува дека формално ја извести компанијата на Европската суперлига и клубовите дека го напушта проектот на Европската суперлига“.

Со ова каталонскиот гигант стави крај на учеството во создавањето на затворено континентално натпреварување.

Најбогатите европски клубови се обидоа да формираат натпреварување во кое само тие ќе играат и во кое ќе можат да заработат многу повеќе пари отколку што тоа е случај во натпреварувањата под покровителство на УЕФА, и ја прифатија идејата за проектот Суперлига како клубови од 2021 година.

Мотивот за основање на Суперлигата беше токму од финансиска природа, а Барселона со ова соопштение покажа дека е согласна со новата поделба на финансиите утврдена од УЕФА во новиот формат на Лигата на шампионите.

Односите меѓу УЕФА и Барселона драстично се подобрија минатата година, а за тоа зборува и фактот што Барселона го пречека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, како гостин во свечената ложа на натпреварот против Пари Сен-Жермен на 1 октомври 2025.

Барселона е во финансиска криза веќе неколку години и мора да работи според посебни правила, според кои не смее да троши повеќе отколку што заработува.

Повеќето клубови се повлекоа од проектот поради притисок од навивачите, а сега претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, официјално остана сам во овој проект.

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Фудбал

Видал: Воведоа ВАР за да не може Реал Мадрид да краде

Read more

Гризман со една фотка „долеа бензин“ на пировата победа на Барса

Read more

Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија

Read more

Како Хетафе ја славеше првата победа над Реал по 18 години?

Read more
 

Спорт

Видал: Воведоа ВАР за да не може Реал Мадрид да краде

Читај повеќе
  • filter

Гризман со една фотка „долеа бензин“ на пировата победа на Барса

Читај повеќе

Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Хетафе ја славеше првата победа над Реал по 18 години?

Читај повеќе

Инфантино предложи ново фудбалско правило: Ќе стапи на сила уште на Мундијалот?

Читај повеќе

Едвај спасен проектот за мегастадион вреден милијарда и пол евра

Читај повеќе

Роналдо нема да игра на Светското првенство?

Читај повеќе

Иран се заканува дека ќе се повлече од Светското: Кој би можело да го замени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретко го гледаме Јокиќ ваков: „Откачи“ и се степа со противничкиот тим

Читај повеќе