2.МФЛ 2025/2026

Беласица домашните натпревари ќе ги игра под рефлектори

Филип Здравески
/ 25.08.2025 / 10:11

Второлигашот од Струмица најави вечерен термин за своите домашнни натпревари за вистинско уживање на струмичките љубители на фудбалот.

Беласица во саботата новата сезона ја отвори со реми 1:1 на гости кај Охрид Лихнидос иако водеше од 6. минута па с до петнаесетина минути пред крајот. Во наредното коло ќе му биде домаќин на Скопје, а управата на клубот не чекаше мнногу за да соопшти дека токму од тој натпревар почнува играњето во вечерен термин.

Имено, мечот Беласица - Скопје ќе се одигра в недела (31 август) со почеток во 19:30 часот на стадионот „Благој Истатов“. Цената на билетите ќе биде симболични 100 денари.

„Сите други домашни натпревари сѐ додека налагаат временските услови ќе бидат одиграни во вечерни термини под рефлектори“, соопшти Беласица.

Струмичкиот клуб сезонава најави борба за врвот и пласман во првата лига.

„Ги каниме сите љубители на фудбалот од Струмица и околината во недела да дојдат и да го поддржат нашиот тим и да уживаат во вечерната атмосфера која многу малку клубови од Македонија можат да си ја препуштат и е реткост во нашиот фудбал“, стои во официјалната објава.

Беласица в среда игра дома и во Купот на Македонија, против прволигашот Арсими, но тој натпревар ќе се игра од 16 часот.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Смрдливките во овој период од годината влегуваат во домовите: Како да се ослободите од нив?

Read more

Фудбал

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Read more

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Read more

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Read more

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Read more

Спорт

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Читај повеќе

Главни фаворити за титулата во НБА: Четири тима пред останатите

Читај повеќе

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Читај повеќе

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Читај повеќе

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Винисиус: Мене ме фаулираат, а јас добивам картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Драматична ноќ во Сплит: Навивачи на Хајдук нападнаа навивачи на Ајакс, уапсени 57 хулигани

Читај повеќе

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе