фифа светско првенство 2026 канада/сад/мексико

Белингам ја заврши норвешката бајка, Англија е полуфиналист

Англија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство по драматичен натпревар во Мајами, каде што ја елиминираше Норвешка со 2:1 по продолженија, откако во регуларниот дел заврши нерешено 1:1. Двата гола ги постигна Џуд Белингам.

Натпреварот започна исклучително претпазливо на двете страни, без поголеми возбудувања во првите петнаесет минути. Англија ја имаше својата прва сериозна шанса во 19-тата минута кога Белингам лошо ја зафати топката по центаршутот на Андерсон.

Студен туш за Англичаните дојде во 36. минута. Андреас Шјелдеруп од левата страна наместо да нафрли во шеснаесетникот го измами Џордан Пикфорд упатувајќи силен удар во подалечната статива и  го отвори резултатот.

Голот беше проверен во ВАР собата поради потенцијален фаул врз Кејн, но францускиот судија Клемен Турпан покажа кон центарот.

Норвешка имаше одлична шанса да ги нокаутира Англичаните во 44. минута. Александер Серлот и Халанд тргнаа сами кон голот, но напаѓачот на Атлетико беше себичен, се обиде сам да ја заврши акцијата и одличната можност пропадна.

Казната стигна во судиското надополнување. Ентони Гордон брилијантно го проигра Белингам, кој се ослободи од својот чувар и мајсторски го матираше Ниланд за 1:1. Само две минути подоцна на Хари Кејн му беше поништен гол поради офсајд.

Во второто полувреме, селекторот на Англија веднаш ги внесе Еберечи Езе и Букајо Сака, но Норвешка го диктираше темпото, бидејќи клучниот играч од средниот ред на Англија, Деклан Рајс, мораше да го напушти теренот.

Во 56. минута Норвежаните славеа уште еден гол кога Хегем ја затресе мрежата по одбраната на Пикфорд, но Турпан, откако гледаше на ВАР, го поништи голот поради претходен прекршок на Халанд врз Андерсон.

Норвешка продолжи со опасни напади, а „Викинзите“ ја имаа својата најголема шанса во остатокот од натпреварот во 76-тата минута кога Патрик Берг изведе корнер, Пикфорд реагираше лошо, а Кристофер Ајер жестоко ја затресе пречката.

Натпреварот се играше со „спуштени гардови“ на самиот крај од регуларното време. Прво, младиот Антонио Нуса се обиде со шут во 85-тата минута, но Пикфорд беше сигурен, а во 87. минута Англија речиси победи. Сака се ослободи од голманот и испрати остра топка во шеснаесетникот, но Аурснес реагираше пред англиските напаѓачи и ја спаси Норвешка.

Штом започна продолжението, на теренот се случи целосна драма. Прво, во 93-тата минута, норвешкиот голман Ниланд направи брилијантна одбрана за да го спречи опасниот удар со глава на Хари Кејн, но во следниот напад, Англија поведе. Роџерс шутираше моќно од 25 метри, Ниланд реагираше несмасно и лошо, што неверојатниот Белингам го искористи, истрча на одбиената топка и ја смести во мрежата за да го сврти резултатот на 2:1.

Англија доби колосална шанса да го реши натпреварот во 99-тата минута кога судијата Клемен Турпан покажа на белата точка по контактот меѓу Боб и Спенс во шеснаесетникот.

Сепак, по долг преглед на ВАР, францускиот судија ја смени својата одлука во 102. минута, бидејќи беше утврдено дека Спенс симулирал прекршок и пеналот беше поништен.

На самиот почеток од второто продолжение, во 106. минута, селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, направи сосем неочекуван потег со тоа што го извади од игра својот најдобар напаѓач Ерлинг Халанд, додека на теренот влезе Странд Ларсен.

Англија потоа имаше две одлични шанси да ја заврши работата во 110-та минута, но Ниланд брилијантно одбрани. Прво одбрани удар од Езе, а потоа со неверојатна интервенција спречи обид на Сака, кој истрча на одбиената топка, оставајќи ги Норвежаните во игра.

Норвешка бараше израмнување до последната секунда, но резултатот остана 2:1 на крајот, па Англија се пласираше во полуфиналето.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Read more

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе