УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ПЛЕЈОФ

Бенфика со видео доказ ги поби тврдењата на играчите на Реал

Фудбалската сцена во Европа не се смирува по земјотресот на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, во кој шпанскиот тим доби предност пред реванш плејофот за осминафиналето од Лигата на шампионите со еден, но вреден гол на Винисиус Жуниор.

Сето тоа поради настаните по голот, кога домашниот играч Џанлука Престиани реагираше на провокативната прослава на црниот Бразилец наводно нарекувајќи го мајмун, а вториот веднаш долета кај судијата и пријави расизам. Потоа одби да продолжи да го игра натпреварот, по што главниот судија го активираше протоколот за вакви ситуации.

Натпреварот продолжи по некое време, но изјавите летаа во сите правци. Винисиус го нарече гореспоменатиот Аргентинец, домашната публика и сите расисти во светот „кукавици и слабаци“, Престиани негираше дека зборовите имале таква конотација, а се огласи и Бенфика.

Од таборот на Португалскиот клуб објавија видео со кое прашуваат како можел Килјан Мбапе, кој тврдеше дека го слушнал Престиани како пет пати вели „мајмум“, да го слушне тоа иако на растојание од местото каде што се Вини и младиот Аргентинец.

„Како што покажуваат сликите, со оглед на растојанието, играчите на Реал Мадрид не можеле да го слушнат она што тврдат дека го слушнале“, се вели во соопштението на клубот објавено на X, алудирајќи на изјавата на Мбапе.

Како што се гледа на видеото, Мбапе воопшто не реагира кога Престиани му се обраќа на Вини, а не реагира ниту Камавинга, кој е уште поблиску. Напротив, двајцата со чудење гледаат како Вини трча кон судијата.

Оттука, прашањето за играчите на Реал е, ако слушнале дека Престиани рекол „мајмун“, зошто никој од нив не реагираше, туку само Винисиус? Очигледно, затоа што само тој слушнал нешто, што и да било. Престиани рече дека не кажал ништо расистичко, туку дека едноставно Вини погрешно го разбрал. И тоа многу повеќе одговара на ситуацијата, со оглед на немањето реакција ниту од Камавинга, ниту од Мбапе, кои се во близина, а патен, двајцата се од црната раса.

„Заедно, со тебе сме“, му порачаа од Бенфика на својот аргентински фудбалер.

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Финансиски хороскоп за март 2026: Кој знак ќе добие бонус?

Read more

Фудбал

Видал: Воведоа ВАР за да не може Реал Мадрид да краде

Read more

Гризман со една фотка „долеа бензин“ на пировата победа на Барса

Read more

Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија

Read more

Како Хетафе ја славеше првата победа над Реал по 18 години?

Read more
 

Спорт

Видал: Воведоа ВАР за да не може Реал Мадрид да краде

Читај повеќе
  • filter

Гризман со една фотка „долеа бензин“ на пировата победа на Барса

Читај повеќе

Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Хетафе ја славеше првата победа над Реал по 18 години?

Читај повеќе

Инфантино предложи ново фудбалско правило: Ќе стапи на сила уште на Мундијалот?

Читај повеќе

Едвај спасен проектот за мегастадион вреден милијарда и пол евра

Читај повеќе

Роналдо нема да игра на Светското првенство?

Читај повеќе

Иран се заканува дека ќе се повлече од Светското: Кој би можело да го замени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретко го гледаме Јокиќ ваков: „Откачи“ и се степа со противничкиот тим

Читај повеќе