Билетите за финалето на Светско се поскапи од луксузна вила

Светското првенство, кое треба да биде прослава на фудбалот, сè повеќе станува настан резервиран за најбогатите. Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) е критикувана откако воведе динамичен систем на цени за продажба на билети, модел што со години го користат авиокомпаниите и хотелските синџири. Последиците ги шокираа навивачите. Цената на некои билети за финалето достигна неверојатни 11,5 милиони долари.

ФИФА ја оправдува оваа одлука со тоа што се обидува да го контролира профитабилниот секундарен пазар за препродажба на билети, кој е особено развиен во Соединетите Американски Држави. Сепак, навивачките организации и економските експерти сметаат дека ова е потег што го оддалечува спортот од обичните луѓе.

Критичарите велат дека овој модел отворено ги фаворизира најбогатите гледачи, додека лојалните навивачи кои со години ги следат националните тимови и клубовите практично се исфрлени од трибините. Некои аналитичари предупредуваат дека стадионите би можеле да ја изгубат својата препознатлива атмосфера и да станат места наменети речиси исклучиво за деловни партнери, корпоративни гости и ВИП личности.

Сепак, раните индикации се дека стратегијата на ФИФА можеби нема да ги даде очекуваните резултати. И покрај големото медиумско внимание и глобалниот интерес за Светското првенство, значителен број билети сè уште не нашле купувачи.

Високите цени на билетите, исто така, негативно влијаат врз туристичкиот сектор. Податоците од Американската хотелска и сместувачка асоцијација покажуваат дека бројот на резервации во градовите домаќини е значително под првичните прогнози. Дури 8 од 10 анкетирани дестинации пријавиле пониски стапки на исполнетост од очекуваните пред најголемиот светски фудбалски настан.

Иако трошоците за патување и билети достигнаа рекордни нивоа, експертите истакнуваат дека фудбалските навивачи сè уште имаат некои опции да ги намалат трошоците и да најдат попристапни начини да го следат претстојното Светско првенство.

Тагови
реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Фудбал

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Read more

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Read more

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Read more

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Read more

Спорт

  • play_arrow

Меси се спаси од црвен картон, навивачите бесни: Светското е наместено?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бостон „пресуши“ поради шкотските навивачи: Градот остана без пиво

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за историја: Постигна хет-трик и стана најдобар стрелец на Светското првенство

Читај повеќе

Ноа Лајлс постави светски рекорд на 150 метри

Читај повеќе

Силекс и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Читај повеќе

Ме викаа Бабата: Момчето одгледано од неговите баба и дедо кое ја сопре Шпанија

Читај повеќе

ФИФА му дозволи на Трамп да го крши нејзиниот протокол

Читај повеќе

Вардар квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги почне против финскиот шампион

Читај повеќе

Претседателот си ги однел љубовницата и сопругата на Светското, на сметка на Бразилската конфедерација

Читај повеќе