Барселона го одреди напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес, како свој апсолутен приоритет на самиот крај од летниот преоден рок.
Информацијата беше објавена за време на пренос во живо на каналот Jijantes FC од страна на доверливиот шпански новинар Жерард Ромеро, нагласувајќи дека германскиот стратег Ханси Флик лично побарал да му се донесе аргентинскиот голгетер.
Иако станува збор за исклучително комплициран договор поради финансиската состојба и краткиот рок, раководството на каталонскиот клуб ќе направи сè за да го реализира овој спектакуларен трансфер.
Клучниот детаљ во целата приказна е дека самиот Мартинес наводно ја отворил вратата за евентуален трансфер на „Камп Ноу“ и изразил желба за нов предизвик во кариерата.
Брилијантниот 27-годишен напаѓач е капитен на Интер и го предводи нападот на „Нераѕурите“ од 2018 година, кога пристигна од аргентински Расинг.
Во миланскиот клуб се разви во еден од најдобрите напаѓачи во светот, станувајќи клучна фигура во освојувањето на две Скудета и стигнувањето до све финалиња на Лигата на шампионите.
Сепак, Интер неодамна го обезбеди неговиот потпис за нов договор, што значи дека нема да се согласат на заминувањето на својот најдобар играч без огромна финансиска компензација.
Исходот од оваа трансфер драма ќе биде познат во наредните денови, кога Барселона ќе се обиде да испрати официјална понуда и да ги задоволи финансиските апетити на клубот од „Џузепе Меаца“.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Barcelona are going ALL IN to sign Lautaro Martínez, as they failed to sign Julian Alvarez.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) August 19, 2026
Flick wants him, and Barcelona are now WORKING ON IT.
Lautaro opened the doors to join Barcelona and he is Barça's TOP PRIORITY.
— @gerardromero pic.twitter.com/kUFrsvWHn8