Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, веќе три години игра за саудискиот Ал Наср, а денес објави дека го слави Божик во Ријад.
Роналдо објави видео на социјалните мрежи од својот дом, каде што се забавува со својата свршеница Георгина Родригес и децата пред украсена елка.
„Надеж што обновува, љубов што прегрнува, семејство што поддржува и светлина што води. Среќен Божик!“, напиша Роналдо.
Esperança que se renova, amor que abraça, família que apoia e luz que guia. Feliz Natal 🎄 ❤️ ✨ pic.twitter.com/Gfg8FZbBke
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) December 25, 2025
Роналдо е во феноменална форма сезонава, постигнувајќи 10 голови на 9 натпревари во Про лигата на Саудиска Арабија.
Во својата неверојатна кариера досега постигна 955 голови, а му недостасуваат 45 за да достигне 1.000 голови во кариерата.
Летоска го продолжи договорот со Ал Наср и ќе игра во Саудиска Арабија барем до 2027 година, што е повеќе од доволно за да ја достигне магичната бројка.