Брутален напад на меч во САД: Го собори противникот, го шутираше, па му мавна 5 бокса

Брутален инцидент одбележа натпреварот по фудбал во средно училиште во Јужна Дакота помеѓу Брукингс Бобкетс и Рапид Сити Сентрал Коблерс.

Кон крајот на првото полувреме, кога Брукингс водеше со 2:0, избувна тепачка по еден дуел за топка крај аут-линијата. Џексон Бергман од Коблерс му се приближи на противничкиот играч Кајл Суст, го собори на земја, а потоа го шутна неколку пати додека лежеше на земја. Набрзо следеа серија тупаници, по што други играчи се придружија на инцидентот.

Тренерите и членовите на стручниот штаб истрчаа на теренот за да ги разделат играчите и да спречат понатамошна ескалација. Играчот кој го предизвика инцидентот доби црвен картон и ја напушти играта.

Натпреварот беше прекинат околу 10 минути поради хаос, но потоа продолжи. Инцидентот се случи на 4 минути пред полувремето. Брукингс Бобкетс успеаја да го одржат водството и на крајот победија со 2:0.

Снимката од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции во САД. Според извештаите на американските медиуми, тоа бил првиот натпревар во сезоната за двата тима.

За вакви физички напади обично следува доживотна суспензија за играчот насилник. Засега насилникот е казнет со еден натпревар суспензија, што е автоматска казна заради црвениот картон, но Yahoo Sport пренесува дека ќе мора да посетува курс по спортски дух и дека поголоема казна му се подготвува.

По повод инцидентот се огласи и клубот на насилникот:

„Рапид Сити Сентрал е свесен за инцидентот во кој учествуваше играч од нашата фудбалска програма и играчи од друг тим од Јужна Дакота за време на фудбалски натпревар. Очекуваме сите ученици да покажат почит, спортски дух и соодветно однесување во секое време, и на теренот и надвор од него. Не толерираме однесување кое не ги исполнува овие очекувања. Ќе бидат преземени соодветни мерки во согласност со политиките и процедурите на RCAS“, соопшти Рапид Сити Сентрал.

Тагови
реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Фудбал

Комичен автогол во српската лига

Read more

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Read more

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Спорт

  • play_arrow

Комичен автогол во српската лига

Читај повеќе

Бугарија пресилна за Македонија на отворањето на ЕУРО

Читај повеќе

НБА сака да ја преземе Евролигата

Читај повеќе

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо искрен по победата над Интер: На вакви натпревари се страда

Читај повеќе

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Читај повеќе

Бизнисменот Меси: Аргентинецот купува уште еден клуб во Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатно за ЛШ: Секторот за гостинските навивачи во Дортмунд остана празен

Читај повеќе

ЛШ: Судирот на старите ривали на Енфилд во центарот на вниманието

Читај повеќе