летни трансфери 2026

Буади го облече дресот на Сити, испратена понуда од 120 милиони фунти за Енцо Фернандес

Манчестер Сити го потпиша играчот од средниот ред на Лил, Ајуб Буади. Трансферот вреди 85,6 милиони фунти, што го прави мароканскиот репрезентативец најскапиот тинејџер во Премиер лигата, а тој потпиша договор до јуни 2031 година.

Сити на францускиот клуб му искешира 81,4 милиони фунти, плус 4,2 милиони фунти ќе му плати како додатоци. Екипата на Енцо Мареска одлучи да го потпише Буади откако ги продаде централните играчи од средниот ред Родри на Барселона за 65 милиони фунти и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија за 52 милиони фунти.

Мароканецот импресионираше на Светското првенство 2026, почнувајќи на пет од шесте натпревари додека стигнаа до четвртфиналето.

„Ова е многу посебен ден за мене и моето семејство. Манчестер Сити е, за мене, најдобриот клуб во светот. Сон е да бидам тука и да можам да се наречам играч на Сити. Поголемиот дел од мојот живот го поминав работејќи напорно за да станам најдобар играч што можам да бидам и да го достигнам врвот на играта. Го следам Сити многу години и го сакам нивниот стил на игра. Овој клуб секогаш се обидува да игра квалитетен фудбал. И покажаа дека се победници - овој клуб се чини како да е изграден за да победува“, рече Буади, кој одигра 96 натпревари за Лил откако го направи своето деби во 2023 година.

Буади ќе биде дел од обновениот среден ред, бидејќи Сити веќе го потпиша англискиот играч за врска Елиот Андерсон од Нотингем Форест за 116 милиони фунти. Последниот дел од сложувалката во новиот среден ред треба да биде Енцо Фернандес.

Сити е подготвен да плати 120 милиони фунти за аргентинскиот репрезентативец и единственото прашање е дали „Сините“ ќе ја прифатат продажбата, бидејќи менаџерот Шаби Алонсо не е за таа опција. Самиот играч нема ништо против да му се придружи на Енцо Мареска на „Итихад“, но проблемот е што Сити не испрати таква понуда до 22 август, што беше последниот рок поставен од лондонскиот клуб за продажба на одличниот играч за врска.

реклама

Фудбал

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Read more

Каде исчезна моќната Германија?

Read more

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Read more

Спорт

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе

Кениецот Дерик Чеге Њороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ: Прв пат чувствувам срам

Читај повеќе