Новиот менаџер на Челси, Шаби Алонсо, побарал од клупските челници да се обидат да го реализираат трансферот на Арда Ѓулер. Наводно, Челси до Реал Мадрид ќе испрати понуда од 115 милиони евра.
Баскискиот стратег има желба повторно да соработува со 21-годишниот турски репрезентативец.
„Челси подготвува понуда од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за играчот од средниот ред на Реал, Арда Ѓулер. Тоа е експресно барање на Шаби Алонсо“, објавија англиските медиуми и додадоа: „Тие го гледаат турскиот интернационалец како приоритет на 'Стемфорд Бриџ'. Сепак, Реал Мадрид во моментов нема намера да го продаде Ѓулер во текот на летото“.
Покрај Челси, интерес за турскиот фудбалер покажуваат Арсенал и Ливерпул.
Ѓулер во Реал дојде летото 2023 година 28 милиони евра од редовите на Фенербахче. За Турција досега има одиграно 30 натпревари и постигнато 6 голови.