фифа светско првенство 2026 канада/сад/мексико

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Макфакс/Кајгана
/ 12.07.2026 / 13:58

Капитенот на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, не се помирува со елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство, оценувајќи дека исклучувањето на Бреел Емболо било одлучувачкиот момент на дуелот против бранителот Аргентина.

По продолженијата Швајцарија беше поразена од актуелниот светски шампион со 3:1, иако до 72. минута беше рамноправен ривал и беше на дофат од пласман во полуфиналето.

„Мислам дека црвениот картон ја промени играта. Сега, кога сè е завршено, многу е тешко да се прифати таква одлука“, рече Џака по натпреварот.

И покрај разочарувањето од поразот, капитенот на Швајцарија истакна дека е горд на настапот на својот тим на Светското првенство. Швајцарија стигна до четвртфиналето на Светските првенства за прв пат по 72 години, а против актуелниот светски шампион одигра еден од најдобрите натпревари на турнирот и ја држеше Аргентина во неизвесност до крајот на продолженијата.

Сепак, чувството на пропуштена можност остана многу изразено.

По нерешениот резултат, Швајцарците веруваа дека можат да направат целосен пресврт, но исклучувањето на Емболо целосно го промени текот на натпреварот.

„Нема да ѝ одземам ништо на Аргентина, но вечерва судијата се погрижи тие да имаат секоја можна предност. Секоја важна одлука отиде во нивна корист. Дојдовме тука да играме фудбал, а не да се бориме со судиите. Ако Аргентина стигна до полуфиналето на Светското првенство вака, тогаш нешто не е во ред. Правилата се правила и не можеме да ги промениме, но тоа е одлуката што ја уби играта. Тоа е мое мислење, не знам што друго можеше да направи судијата. Да останевме 11 играчи на 11, верувам дека ќе победевме. Тешко е да се најдат вистинските зборови по ваков натпревар. Ако мора да изгубите поради одлуката на еден судија, боли“, додаде Џака. Наместо да напаѓаат за победа, тие беа принудени да се бранат и да се обидуваат да стигнат до пенал-серијата.

Емболо беше исклучен поради втор жолт картон откако се обиде да симулира фаул над него. Судијата прво наседна на неговата глума, досуди фаул и му покажа жолт картон на Аргентинецот Ленадро Паредес, но по интервенција на ВАР ја увиде глумата на Камерунецот кој игра за Швајцарија и ја промени одлуката.

Remote video URL

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони исто така призна дека црвениот картон имал големо влијание врз развојот на играта.

„Мора да бидеме реални, имавме и среќа. Дури откако противникот остана со еден играч помалку, успеавме да воспоставиме притисок и да ја преземеме контролата врз играта“, рече Скалони.

реклама

Фудбал

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Read more

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

Спорт

Бомба на крајот од преодниот рок: Барса тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Читај повеќе

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе