Играчот од средниот ред на Сандерленд и швајцарски репрезентативец Гранит Џака (33) го честиташе Денот на независноста на Косово на социјалните мрежи, но неговата објава предизвика бура од реакции поради грешка. Фудбалерот објави знаме на Косово со седум ѕвезди наместо шест, што ја подели јавноста во Косово.
Иако со години се смета за херој во Косово, особено по натпреварите Швајцарија - Србија во кои играше брилијантно, објавата на Џака предизвика лавина од коментари и поделени мислења. Некои од јавноста остро го критикуваа за грешката.
„Човеку, дали си нормален?“, „Толку ти значи Косово, дури ни знамето не го знаеш“, „Неверојатно, каков фејл“, се само некои од пораките за осуда.
Од друга страна, многумина застанаа во негова одбрана, нагласувајќи дека намерата е најважна.
„Важно е што чувствува, а не една ѕвезда“, „Фала за честитките, тоа е најважно“, „Не е важно, важно е што ја сака нашата земја“, му напишаа во знак на поддршка.
Шесте бели ѕвезди на синото знаме на Косово ги симболизираат шесте главни етнички заедници што живеат на таа територија: Албанци, Срби, Турци, Горани, Роми и Бошњаци.
Postimi skandaloz i lojtarit të Zvicrës, Granit Xhaka Ai uroi Kosovën për pavarësi, por flamurin e Kosovës e bëri me 7 yje, dhe jo me 6 sa i ka.
Posted by Fansat e Futbollit Kosovar on Tuesday, February 17, 2026
Гранит Џака, кој е по потекло од Косово, целата своја кариера играл за швајцарската репрезентација.
Иако имал можност да го промени спортското државјанство и да игра за Косово, тој останал лојален на Швајцарија.
Како што самиот изјавил, не сакал да ја предаде земјата што му дала сè во животот.
Досега одиграл 143 натпревари за Швајцарија и постигнал 16 гола.