Дали Манчестер Јунајтед засекогаш ја затвори вратата за Роналдо?

Штрајкот на Кристијано Роналдо во Ал Наср предизвика гласини за трансфер и можно враќање во Европа. Иако постојат шпекулации дека 41-годишниот Португалец би можело по трет пат да игра за Манчестер Јунајтед, сега е познатставот на англискиот клуб за ова прашање , објавува Goal.com.

Причини за незадоволство во Арабија

И покрај тоа што го има најпрофитабилниот договор во светскиот фудбал, кој наводно му заработува речиси 500.000 фунти дневно, Роналдо е фрустриран на Блискиот Исток. Тој е разочаран од начинот на кој средствата се распределуваат меѓу клубовите контролирани од Саудискиот јавен инвестициски фонд (PIF).

Поради штрајкот пропушти два натпревари на Ал Наср, кои неговиот тим ги доби без него, а се соочи и со критики за обидот да изврши премногу влијание врз лигата. Раководството на Саудиската професионална лига му стави до знаење на Роналдо дека нема да му биде дозволено да диктира настани на и надвор од теренот, а Ал Наср мора да најде средства самостојно да донесе нови солидни засилувања.

Клаузула за откуп од 60 милиони долари

Заминувањето на Роналдо би можело да се случи во летото 2026 година. Според извештаите, неговиот договор содржи клаузула за откуп од 44 милиони фунти (60 милиони долари) што може да се активира во следниот преоден рок. И покрај неговата напредна возраст, многу клубови сепак би биле среќни да инвестираат во Роналдо, и од спортски и од маркетиншки причини.

Според Sky Sports, Роналдо „го предупредил Фондот за јавни инвестиции (PIF) и Саудиската професионална лига дека има намера да го напушти кралството ако не добие поголеми спортски гаранции“. Португалецот продолжува да ужива силна поддршка од навивачите, кои истакнуваат транспаренти со неговиот број од седмата минута во натпреварите што ги пропуштил.

Враќање во Европа или преселба во МЛС?

Гласините за заминување се интензивираат. Се споменува враќање во неговиот роден Спортинг, додека навивачите ширум светот би сакале да го видат повторно со неговиот најголем ривал Лионел Меси во победникот на МЛС Купот, Интер Мајами. Многу фанови на Манчестер Јунајтед би сакале да го видат назад на Олд Трафорд, и покрај тоа што неговиот последен престој во Англија заврши драматично во ноември 2022 година кога му беше раскинат договорот.

Сепак, Sky Sports тврди дека емотивното враќање во Манчестер е малку веројатно бидејќи „вратата за опција за враќање се чини цврсто затворена“. Тие наведуваат дека Јунајтед „нема интерес да го врати Роналдо за трет мандат“. Клубот е фокусиран на градење за иднината, а 41-годишниот Роналдо би бил само краткорочно решение.

Поранешен соиграч: Не гледам како би можело да се случи тоа

Поранешниот дефанзивец на Јунајтед, Вес Браун, се сомнева дека трансферот би можел да се случи. 

„Тој не е среќен, но дали Кристијано Роналдо би се вратил во Манчестер Јунајтед по трет пат? Би рекол не. Едноставно не гледам како би можело да се случи тоа. Да оди во МЛС? Можеби. Можеби се враќа во Португалија и да игра таму. Сигурен сум дека сè уште ќе има многу опции“, рече Браун.

„Најважно е што тој сè уште сака да игра на Светското првенство и треба да продолжи да игра за да остане во форма за тоа. Беше шок за сите кога Роналдо штрајкуваше, но искрено верувам дека тоа ќе се среди. Ќе мора да почекаме и да видиме како ќе се развиваат работите“, додаде тој.

Можно е Роналдо да почека додека не заврши Светското првенство ова лето пред да донесе одлука за следниот чекор во својата кариера. Тој ќе сака да избегне какви било одвлекувања на вниманието додека ја предводи својата земја во потрага по единствениот голем трофеј што му недостасува. Сепак, се чини дека гласините за трансфер ќе продолжат сè додека не се добие официјална потврда за неговата иднина.

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Фудбал

Видал: Воведоа ВАР за да не може Реал Мадрид да краде

Read more

Гризман со една фотка „долеа бензин“ на пировата победа на Барса

Read more

Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија

Read more

Како Хетафе ја славеше првата победа над Реал по 18 години?

Read more
 

Спорт

Видал: Воведоа ВАР за да не може Реал Мадрид да краде

Читај повеќе
  • filter

Гризман со една фотка „долеа бензин“ на пировата победа на Барса

Читај повеќе

Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Хетафе ја славеше првата победа над Реал по 18 години?

Читај повеќе

Инфантино предложи ново фудбалско правило: Ќе стапи на сила уште на Мундијалот?

Читај повеќе

Едвај спасен проектот за мегастадион вреден милијарда и пол евра

Читај повеќе

Роналдо нема да игра на Светското првенство?

Читај повеќе

Иран се заканува дека ќе се повлече од Светското: Кој би можело да го замени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретко го гледаме Јокиќ ваков: „Откачи“ и се степа со противничкиот тим

Читај повеќе